Мушаф, страница 594
-
يَقُولُ يَا لَيْتَنِي قَدَّمْتُ لِحَيَاتِي
и ќе рече: „Камо среќа за овој живот да се подготвев!“
89:24 -
فَيَوْمَئِذٍ لَا يُعَذِّبُ عَذَابَهُ أَحَدٌ
Тој Ден никој како Него нема да казнува,
89:25 -
وَلَا يُوثِقُ وَثَاقَهُ أَحَدٌ
и никој како Него нема во окови да врзува!
89:26 -
يَا أَيَّتُهَا النَّفْسُ الْمُطْمَئِنَّةُ
А ти, о, душо смирена,
89:27 -
ارْجِعِي إِلَىٰ رَبِّكِ رَاضِيَةً مَرْضِيَّةً
врати Му се на Господарот свој задоволна, а и Тој од тебе задоволен.
89:28 -
فَادْخُلِي فِي عِبَادِي
Па влези меѓу робовите Мои,
89:29 -
وَادْخُلِي جَنَّتِي
и влези во Џенетот Мој!
89:30 -
لَا أُقْسِمُ بِهَٰذَا الْبَلَدِ
Се колнам во овој град,
90:1 -
وَأَنْتَ حِلٌّ بِهَٰذَا الْبَلَدِ
а тебе сè ќе ти биде допуштено во овој град.
90:2 -
وَوَالِدٍ وَمَا وَلَدَ
Се колнам и во родителот и во тоа што го роди!
90:3 -
لَقَدْ خَلَقْنَا الْإِنْسَانَ فِي كَبَدٍ
Ние го создаваме човекот за да се труди.
90:4 -
أَيَحْسَبُ أَنْ لَنْ يَقْدِرَ عَلَيْهِ أَحَدٌ
Зарем тој мисли дека никој ништо не му може?
90:5 -
يَقُولُ أَهْلَكْتُ مَالًا لُبَدًا
„Големо богатство потрошив!“ – ќе каже.
90:6 -
أَيَحْسَبُ أَنْ لَمْ يَرَهُ أَحَدٌ
Зарем мисли дека никој не го видел?
90:7 -
أَلَمْ نَجْعَلْ لَهُ عَيْنَيْنِ
Зарем не му дадовме очи две
90:8 -
وَلِسَانًا وَشَفَتَيْنِ
и јазик и усни две,
90:9 -
وَهَدَيْنَاهُ النَّجْدَيْنِ
и доброто и злото му ги објаснивме?
90:10 -
فَلَا اقْتَحَمَ الْعَقَبَةَ
Па зошто не е благодарен на благодатите?
90:11 -
وَمَا أَدْرَاكَ مَا الْعَقَبَةُ
А што мислиш ти, како може на благодатите благодарен да се биде?
90:12 -
فَكُّ رَقَبَةٍ
Роб од ропство да се ослободи,
90:13 -
أَوْ إِطْعَامٌ فِي يَوْمٍ ذِي مَسْغَبَةٍ
или, гладот кога владее, да се нахрани
90:14 -
يَتِيمًا ذَا مَقْرَبَةٍ
сираче од родот близок,
90:15 -
أَوْ مِسْكِينًا ذَا مَتْرَبَةٍ
или сиромав, со неволји оптоварен,
90:16 -
ثُمَّ كَانَ مِنَ الَّذِينَ آمَنُوا وَتَوَاصَوْا بِالصَّبْرِ وَتَوَاصَوْا بِالْمَرْحَمَةِ
а со тоа и да е од оние коишто веруваат, коишто едни со други трпеливост си препорачуваат и коишто едни со други милост си препорачуваат.
90:17 -
أُولَٰئِكَ أَصْحَابُ الْمَيْمَنَةِ
Тие ќе бидат среќни!
90:18 -
وَالَّذِينَ كَفَرُوا بِآيَاتِنَا هُمْ أَصْحَابُ الْمَشْأَمَةِ
А тие што не веруваат во доказите Наши, тие ќе бидат несреќни,
90:19 -
عَلَيْهِمْ نَارٌ مُؤْصَدَةٌ
над нив ќе биде огнот затворен.
90:20
Превод: A group of Macedonian scholars