Мушаф, страница 156

  1. وَنَادَىٰ أَصْحَابُ الْجَنَّةِ أَصْحَابَ النَّارِ أَنْ قَدْ وَجَدْنَا مَا وَعَدَنَا رَبُّنَا حَقًّا فَهَلْ وَجَدْتُمْ مَا وَعَدَ رَبُّكُمْ حَقًّا ۖ قَالُوا نَعَمْ ۚ فَأَذَّنَ مُؤَذِّنٌ بَيْنَهُمْ أَنْ لَعْنَةُ اللَّهِ عَلَى الظَّالِمِينَ

    И жителите на Џенетот ќе ги довикуваат жителите на огнот: „Ние видовме дека е вистинито тоа што Господарот наш ни го вети, дали и вие видовте дека е вистинито тоа со што Господарот ваш ви го вети?“ – „Да!“ – ќе одговорат. А тогаш еден гласник меѓу нив ќе викне: „Аллаховото проклетство нека остане врз насилниците,

    7:44
  2. الَّذِينَ يَصُدُّونَ عَنْ سَبِيلِ اللَّهِ وَيَبْغُونَهَا عِوَجًا وَهُمْ بِالْآخِرَةِ كَافِرُونَ

    кои од Аллаховиот пат одвраќаа и настојуваа да го искриват, и кои во оној свет не веруваа!“

    7:45
  3. وَبَيْنَهُمَا حِجَابٌ ۚ وَعَلَى الْأَعْرَافِ رِجَالٌ يَعْرِفُونَ كُلًّا بِسِيمَاهُمْ ۚ وَنَادَوْا أَصْحَابَ الْجَنَّةِ أَنْ سَلَامٌ عَلَيْكُمْ ۚ لَمْ يَدْخُلُوهَا وَهُمْ يَطْمَعُونَ

    Помеѓу нив ќе има бедем, а на врвовите ќе бидат луѓе кои секого по белегот негов ќе го познаат. И тие ќе им викнат на жителите на Џенетот: „Мир со вас!“ – додека сè уште не влегле во него, а едвај ќе чекаат.

    7:46
  4. وَإِذَا صُرِفَتْ أَبْصَارُهُمْ تِلْقَاءَ أَصْحَابِ النَّارِ قَالُوا رَبَّنَا لَا تَجْعَلْنَا مَعَ الْقَوْمِ الظَّالِمِينَ

    А кога погледите ќе им се свртат кон жителите на Огнот, ќе извикаат: „Господару наш, не давај ни да бидеме со неправедните луѓе!“

    7:47
  5. وَنَادَىٰ أَصْحَابُ الْأَعْرَافِ رِجَالًا يَعْرِفُونَهُمْ بِسِيمَاهُمْ قَالُوا مَا أَغْنَىٰ عَنْكُمْ جَمْعُكُمْ وَمَا كُنْتُمْ تَسْتَكْبِرُونَ

    Тие што ќе бидат по врвовите на бедемот ќе ги повикаат луѓето кои по белезите нивни ќе ги познаат и ќе им кажат: „Не ви користеше вашата бројност и тоа што арогантно се однесувавте?“

    7:48
  6. أَهَٰؤُلَاءِ الَّذِينَ أَقْسَمْتُمْ لَا يَنَالُهُمُ اللَّهُ بِرَحْمَةٍ ۚ ادْخُلُوا الْجَنَّةَ لَا خَوْفٌ عَلَيْكُمْ وَلَا أَنْتُمْ تَحْزَنُونَ

    Зарем ова не се тие за кои се колневте дека Аллаховата милост нема да ги стигне? Влезете во Џенетот, никаков страв за вас нема да има и за ништо вие нема да тагувате!

    7:49
  7. وَنَادَىٰ أَصْحَابُ النَّارِ أَصْحَابَ الْجَنَّةِ أَنْ أَفِيضُوا عَلَيْنَا مِنَ الْمَاءِ أَوْ مِمَّا رَزَقَكُمُ اللَّهُ ۚ قَالُوا إِنَّ اللَّهَ حَرَّمَهُمَا عَلَى الْكَافِرِينَ

    И жителите на Огнот ќе ги повикуваат жителите на Џенетот: „Пролејте на нас вода или нешто од тоа со што Аллах ве обдарил!“ – а тие ќе кажат: „Аллах тие две работи на неверниците им ги забрани!“

    7:50
  8. الَّذِينَ اتَّخَذُوا دِينَهُمْ لَهْوًا وَلَعِبًا وَغَرَّتْهُمُ الْحَيَاةُ الدُّنْيَا ۚ فَالْيَوْمَ نَنْسَاهُمْ كَمَا نَسُوا لِقَاءَ يَوْمِهِمْ هَٰذَا وَمَا كَانُوا بِآيَاتِنَا يَجْحَدُونَ

    Тие на кои верата нивна им беше игра и забава и кои животот на Земјата ги измами, сега Ние нив ќе ги заборавиме, како што забораваа дека на овој Ден пред Нас ќе стојат, и затоа што доказите Наши ги негираа.

    7:51

Превод: Група македонски научници