Сура 7 Ел Араф

  1. لَهُمْ مِنْ جَهَنَّمَ مِهَادٌ وَمِنْ فَوْقِهِمْ غَوَاشٍ ۚ وَكَذَٰلِكَ نَجْزِي الظَّالِمِينَ

    Во Џехенемот постелите и прекривките од оган ќе им бидат. Ете, така Ние ќе ги казниме неверниците.

    7:41
  2. وَالَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ لَا نُكَلِّفُ نَفْسًا إِلَّا وُسْعَهَا أُولَٰئِكَ أَصْحَابُ الْجَنَّةِ ۖ هُمْ فِيهَا خَالِدُونَ

    А тие што ќе веруваат и ќе прават добри дела – Ние никого не задолжуваме над неговите можности – ќе бидат жители на Џенетот, во него вечно ќе останат!

    7:42
  3. وَنَزَعْنَا مَا فِي صُدُورِهِمْ مِنْ غِلٍّ تَجْرِي مِنْ تَحْتِهِمُ الْأَنْهَارُ ۖ وَقَالُوا الْحَمْدُ لِلَّهِ الَّذِي هَدَانَا لِهَٰذَا وَمَا كُنَّا لِنَهْتَدِيَ لَوْلَا أَنْ هَدَانَا اللَّهُ ۖ لَقَدْ جَاءَتْ رُسُلُ رَبِّنَا بِالْحَقِّ ۖ وَنُودُوا أَنْ تِلْكُمُ الْجَنَّةُ أُورِثْتُمُوهَا بِمَا كُنْتُمْ تَعْمَلُونَ

    Од нивните гради злобноста ќе ја отстраниме; под нив реки ќе течат, и тие ќе велат: „Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Кој на Вистинскиот пат нè упати; ние не би биле на Вистинскиот пат, да не нè упатеше Аллах, Пратениците на Господарот наш, навистина, вистината ја носеа.“ – и на нив ќе им се повика: „Тој Џенет во наследство го добивте за тоа што го правевте!“

    7:43
  4. وَنَادَىٰ أَصْحَابُ الْجَنَّةِ أَصْحَابَ النَّارِ أَنْ قَدْ وَجَدْنَا مَا وَعَدَنَا رَبُّنَا حَقًّا فَهَلْ وَجَدْتُمْ مَا وَعَدَ رَبُّكُمْ حَقًّا ۖ قَالُوا نَعَمْ ۚ فَأَذَّنَ مُؤَذِّنٌ بَيْنَهُمْ أَنْ لَعْنَةُ اللَّهِ عَلَى الظَّالِمِينَ

    И жителите на Џенетот ќе ги довикуваат жителите на огнот: „Ние видовме дека е вистинито тоа што Господарот наш ни го вети, дали и вие видовте дека е вистинито тоа со што Господарот ваш ви го вети?“ – „Да!“ – ќе одговорат. А тогаш еден гласник меѓу нив ќе викне: „Аллаховото проклетство нека остане врз насилниците,

    7:44
  5. الَّذِينَ يَصُدُّونَ عَنْ سَبِيلِ اللَّهِ وَيَبْغُونَهَا عِوَجًا وَهُمْ بِالْآخِرَةِ كَافِرُونَ

    кои од Аллаховиот пат одвраќаа и настојуваа да го искриват, и кои во оној свет не веруваа!“

    7:45
  6. وَبَيْنَهُمَا حِجَابٌ ۚ وَعَلَى الْأَعْرَافِ رِجَالٌ يَعْرِفُونَ كُلًّا بِسِيمَاهُمْ ۚ وَنَادَوْا أَصْحَابَ الْجَنَّةِ أَنْ سَلَامٌ عَلَيْكُمْ ۚ لَمْ يَدْخُلُوهَا وَهُمْ يَطْمَعُونَ

    Помеѓу нив ќе има бедем, а на врвовите ќе бидат луѓе кои секого по белегот негов ќе го познаат. И тие ќе им викнат на жителите на Џенетот: „Мир со вас!“ – додека сè уште не влегле во него, а едвај ќе чекаат.

    7:46
  7. وَإِذَا صُرِفَتْ أَبْصَارُهُمْ تِلْقَاءَ أَصْحَابِ النَّارِ قَالُوا رَبَّنَا لَا تَجْعَلْنَا مَعَ الْقَوْمِ الظَّالِمِينَ

    А кога погледите ќе им се свртат кон жителите на Огнот, ќе извикаат: „Господару наш, не давај ни да бидеме со неправедните луѓе!“

    7:47
  8. وَنَادَىٰ أَصْحَابُ الْأَعْرَافِ رِجَالًا يَعْرِفُونَهُمْ بِسِيمَاهُمْ قَالُوا مَا أَغْنَىٰ عَنْكُمْ جَمْعُكُمْ وَمَا كُنْتُمْ تَسْتَكْبِرُونَ

    Тие што ќе бидат по врвовите на бедемот ќе ги повикаат луѓето кои по белезите нивни ќе ги познаат и ќе им кажат: „Не ви користеше вашата бројност и тоа што арогантно се однесувавте?“

    7:48
  9. أَهَٰؤُلَاءِ الَّذِينَ أَقْسَمْتُمْ لَا يَنَالُهُمُ اللَّهُ بِرَحْمَةٍ ۚ ادْخُلُوا الْجَنَّةَ لَا خَوْفٌ عَلَيْكُمْ وَلَا أَنْتُمْ تَحْزَنُونَ

    Зарем ова не се тие за кои се колневте дека Аллаховата милост нема да ги стигне? Влезете во Џенетот, никаков страв за вас нема да има и за ништо вие нема да тагувате!

    7:49
  10. وَنَادَىٰ أَصْحَابُ النَّارِ أَصْحَابَ الْجَنَّةِ أَنْ أَفِيضُوا عَلَيْنَا مِنَ الْمَاءِ أَوْ مِمَّا رَزَقَكُمُ اللَّهُ ۚ قَالُوا إِنَّ اللَّهَ حَرَّمَهُمَا عَلَى الْكَافِرِينَ

    И жителите на Огнот ќе ги повикуваат жителите на Џенетот: „Пролејте на нас вода или нешто од тоа со што Аллах ве обдарил!“ – а тие ќе кажат: „Аллах тие две работи на неверниците им ги забрани!“

    7:50
  11. الَّذِينَ اتَّخَذُوا دِينَهُمْ لَهْوًا وَلَعِبًا وَغَرَّتْهُمُ الْحَيَاةُ الدُّنْيَا ۚ فَالْيَوْمَ نَنْسَاهُمْ كَمَا نَسُوا لِقَاءَ يَوْمِهِمْ هَٰذَا وَمَا كَانُوا بِآيَاتِنَا يَجْحَدُونَ

    Тие на кои верата нивна им беше игра и забава и кои животот на Земјата ги измами, сега Ние нив ќе ги заборавиме, како што забораваа дека на овој Ден пред Нас ќе стојат, и затоа што доказите Наши ги негираа.

    7:51
  12. وَلَقَدْ جِئْنَاهُمْ بِكِتَابٍ فَصَّلْنَاهُ عَلَىٰ عِلْمٍ هُدًى وَرَحْمَةً لِقَوْمٍ يُؤْمِنُونَ

    А Ние на нив Книга им објавуваме, којашто ја објаснивме како што Ние знаеме, да биде патоказ и милост на луѓето кои ќе веруваат.

    7:52
  13. هَلْ يَنْظُرُونَ إِلَّا تَأْوِيلَهُ ۚ يَوْمَ يَأْتِي تَأْوِيلُهُ يَقُولُ الَّذِينَ نَسُوهُ مِنْ قَبْلُ قَدْ جَاءَتْ رُسُلُ رَبِّنَا بِالْحَقِّ فَهَلْ لَنَا مِنْ شُفَعَاءَ فَيَشْفَعُوا لَنَا أَوْ نُرَدُّ فَنَعْمَلَ غَيْرَ الَّذِي كُنَّا نَعْمَلُ ۚ قَدْ خَسِرُوا أَنْفُسَهُمْ وَضَلَّ عَنْهُمْ مَا كَانُوا يَفْتَرُونَ

    Чекаат ли тие да се остварат заканите нејзини? Тој ден кога ќе се остварат, ќе кажат тие што претходно заборавиле: „Пратениците од Господарот наш Вистината ја носеа! Камо да имаме некаков заговорник, па да се заземе за нас или да ни биде дозволено да се вратиме, па да постапуваме поинаку од тоа како што претходно постапувавме!“ Но, тие самите се упропастија, а нема да ги има ни тие што ги измислуваа.

    7:53
  14. إِنَّ رَبَّكُمُ اللَّهُ الَّذِي خَلَقَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ فِي سِتَّةِ أَيَّامٍ ثُمَّ اسْتَوَىٰ عَلَى الْعَرْشِ يُغْشِي اللَّيْلَ النَّهَارَ يَطْلُبُهُ حَثِيثًا وَالشَّمْسَ وَالْقَمَرَ وَالنُّجُومَ مُسَخَّرَاتٍ بِأَمْرِهِ ۗ أَلَا لَهُ الْخَلْقُ وَالْأَمْرُ ۗ تَبَارَكَ اللَّهُ رَبُّ الْعَالَمِينَ

    Господарот ваш е Аллах, Кој небесата и Земјата во шест периоди ги создаде, а потоа над Аршот се возвиши. Тој со темнината на ноќта го прекрива денот, која во чекор го следи, а Сонцето и Месечината и ѕвездите се покоруваат на Неговата волја. Само Тој создава и управува! Возвишен нека е Аллах, Господарот на световите!

    7:54
  15. ادْعُوا رَبَّكُمْ تَضَرُّعًا وَخُفْيَةً ۚ إِنَّهُ لَا يُحِبُّ الْمُعْتَدِينَ

    Молете Му се понизно и во себе на Господарот свој, Тој, навистина, не ги сака тие што претеруваат.

    7:55
  16. وَلَا تُفْسِدُوا فِي الْأَرْضِ بَعْدَ إِصْلَاحِهَا وَادْعُوهُ خَوْفًا وَطَمَعًا ۚ إِنَّ رَحْمَتَ اللَّهِ قَرِيبٌ مِنَ الْمُحْسِنِينَ

    И не правете неред на Земјата, кога на неа редот е веќе воспоставен, а молете Му се со страв и со надеж; милоста на Аллах е навистина блиску до тие што прават добри дела.

    7:56
  17. وَهُوَ الَّذِي يُرْسِلُ الرِّيَاحَ بُشْرًا بَيْنَ يَدَيْ رَحْمَتِهِ ۖ حَتَّىٰ إِذَا أَقَلَّتْ سَحَابًا ثِقَالًا سُقْنَاهُ لِبَلَدٍ مَيِّتٍ فَأَنْزَلْنَا بِهِ الْمَاءَ فَأَخْرَجْنَا بِهِ مِنْ كُلِّ الثَّمَرَاتِ ۚ كَذَٰلِكَ نُخْرِجُ الْمَوْتَىٰ لَعَلَّكُمْ تَذَكَّرُونَ

    Тој ги праќа ветровите како радосна вест на милоста Своја; а кога тие ќе ги понесат тешките облаци, Ние кон мртвиот предел ги потеруваме, па на него дожд спуштаме и правиме со негова помош да израснат разновидни плодови; исто така и мртвите ќе ги оживееме, па земете поука!

    7:57
  18. وَالْبَلَدُ الطَّيِّبُ يَخْرُجُ نَبَاتُهُ بِإِذْنِ رَبِّهِ ۖ وَالَّذِي خَبُثَ لَا يَخْرُجُ إِلَّا نَكِدًا ۚ كَذَٰلِكَ نُصَرِّفُ الْآيَاتِ لِقَوْمٍ يَشْكُرُونَ

    Во плодните предели растат растенија со волјата на Господарот нивен, а во неплодните дури со мака. Ете така Ние, на разни начини, им ги повторуваме доказите на луѓето кои забораваат.

    7:58
  19. لَقَدْ أَرْسَلْنَا نُوحًا إِلَىٰ قَوْمِهِ فَقَالَ يَا قَوْمِ اعْبُدُوا اللَّهَ مَا لَكُمْ مِنْ إِلَٰهٍ غَيْرُهُ إِنِّي أَخَافُ عَلَيْكُمْ عَذَابَ يَوْمٍ عَظِيمٍ

    Ние го испративме Нух на народот негов, па тој им говореше: „О, народе мој, само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате! Јас навистина стравувам за вас од страданието на Големиот ден!“

    7:59
  20. قَالَ الْمَلَأُ مِنْ قَوْمِهِ إِنَّا لَنَرَاكَ فِي ضَلَالٍ مُبِينٍ

    А главешините на народот негов одговараа: „Ние сметаме дека ти си во јасна заблуда.“

    7:60

Превод: A group of Macedonian scholars