Сура 79 Ен Назиат, ајат 1 – 14
-
وَالنَّازِعَاتِ غَرْقًا
Се колнам во тие што (душите ги) корнат грубо,
79:1 -
وَالنَّاشِطَاتِ نَشْطًا
и во тие што (душите ги) вадат благо,
79:2 -
وَالسَّابِحَاتِ سَبْحًا
и во тие што пловат брзо,
79:3 -
فَالسَّابِقَاتِ سَبْقًا
па душите во одредиштата итајќи ги носат
79:4 -
فَالْمُدَبِّرَاتِ أَمْرًا
и ги средуваат работите (со Аллахова дозвола)!
79:5 -
يَوْمَ تَرْجُفُ الرَّاجِفَةُ
На Денот кога Земјата (со звукот на рогот) ќе се затресе,
79:6 -
تَتْبَعُهَا الرَّادِفَةُ
по кој ќе се чуе следниот –
79:7 -
قُلُوبٌ يَوْمَئِذٍ وَاجِفَةٌ
срцата тој ден ќе бидат исплашени,
79:8 -
أَبْصَارُهَا خَاشِعَةٌ
а погледите нивни спуштени.
79:9 -
يَقُولُونَ أَإِنَّا لَمَرْدُودُونَ فِي الْحَافِرَةِ
Ќе прашуваат: „Зарем навистина ќе бидеме вратени во првобитната состојба?
79:10 -
أَإِذَا كُنَّا عِظَامًا نَخِرَةً
Зарем и кога изгниени коски ќе станеме?“
79:11 -
قَالُوا تِلْكَ إِذًا كَرَّةٌ خَاسِرَةٌ
И уште велат: „Е, тогаш ние би биле изгубени!“
79:12 -
فَإِنَّمَا هِيَ زَجْرَةٌ وَاحِدَةٌ
Тоа ќе биде само еден повик,
79:13 -
فَإِذَا هُمْ بِالسَّاهِرَةِ
а тие веќе на површината на Земјата ќе бидат.
79:14
Превод: Група македонски научници