Сура 56 Ел Вакиа, ајат 75 – 96

  1. فَلَا أُقْسِمُ بِمَوَاقِعِ النُّجُومِ

    И се колнам во местата на постепеното спуштање на Куранот,

    56:75
  2. وَإِنَّهُ لَقَسَمٌ لَوْ تَعْلَمُونَ عَظِيمٌ

    а тоа, да знаете, е голема заклетва.

    56:76
  3. إِنَّهُ لَقُرْآنٌ كَرِيمٌ

    Тоа е, навистина, благородниот Куран

    56:77
  4. فِي كِتَابٍ مَكْنُونٍ

    во грижливо чуваната Книга.

    56:78
  5. لَا يَمَسُّهُ إِلَّا الْمُطَهَّرُونَ

    Смеат да го допрат само тие што се чисти!

    56:79
  6. تَنْزِيلٌ مِنْ رَبِّ الْعَالَمِينَ

    Тој е Објава од Господарот на световите,

    56:80
  7. أَفَبِهَٰذَا الْحَدِيثِ أَنْتُمْ مُدْهِنُونَ

    па како овој говор го омаловажувате

    56:81
  8. وَتَجْعَلُونَ رِزْقَكُمْ أَنَّكُمْ تُكَذِّبُونَ

    и наместо благодарност што ви е подарено снабдувањето, вие во него не верувате?

    56:82
  9. فَلَوْلَا إِذَا بَلَغَتِ الْحُلْقُومَ

    А зошто вие, кога душата до гркланот ќе достигне,

    56:83
  10. وَأَنْتُمْ حِينَئِذٍ تَنْظُرُونَ

    и вие тогаш ќе гледате –

    56:84
  11. وَنَحْنُ أَقْرَبُ إِلَيْهِ مِنْكُمْ وَلَٰكِنْ لَا تُبْصِرُونَ

    а Ние сме поблиску до тоа од вас, но вие не гледате

    56:85
  12. فَلَوْلَا إِنْ كُنْتُمْ غَيْرَ مَدِينِينَ

    – зошто тогаш, ако сметката не мислите да ја полагате,

    56:86
  13. تَرْجِعُونَهَا إِنْ كُنْتُمْ صَادِقِينَ

    не ја повратите, доколку вистината ја зборувате?

    56:87
  14. فَأَمَّا إِنْ كَانَ مِنَ الْمُقَرَّبِينَ

    И ако биде еден од тие што Му се блиски на Аллах –

    56:88
  15. فَرَوْحٌ وَرَيْحَانٌ وَجَنَّتُ نَعِيمٍ

    удобност и убаво снабдување и џенетски благодати за него!

    56:89
  16. وَأَمَّا إِنْ كَانَ مِنْ أَصْحَابِ الْيَمِينِ

    А ако биде еден од тие што се десно –

    56:90
  17. فَسَلَامٌ لَكَ مِنْ أَصْحَابِ الْيَمِينِ

    па, селам до тебе од тие што се десно!

    56:91
  18. وَأَمَّا إِنْ كَانَ مِنَ الْمُكَذِّبِينَ الضَّالِّينَ

    А ако биде еден од заблудените, што негираа

    56:92
  19. فَنُزُلٌ مِنْ حَمِيمٍ

    па со зовриена вода ќе биде нагостен

    56:93
  20. وَتَصْلِيَةُ جَحِيمٍ

    и во огнот ќе биде пржен.

    56:94
  21. إِنَّ هَٰذَا لَهُوَ حَقُّ الْيَقِينِ

    Навистина сето ова е чиста вистина!

    56:95
  22. فَسَبِّحْ بِاسْمِ رَبِّكَ الْعَظِيمِ

    Па слави го и величај го името на Господарот свој, Величествениот!

    56:96

Превод: Група македонски научници