Мушаф, страница 424

  1. تَحِيَّتُهُمْ يَوْمَ يَلْقَوْنَهُ سَلَامٌ ۚ وَأَعَدَّ لَهُمْ أَجْرًا كَرِيمًا

    а на Денот кога тие ќе Го сретнат, Тој ќе ги поздрави со: „Мир со вас“! И Тој им подготви благородна награда.

    33:44
  2. يَا أَيُّهَا النَّبِيُّ إِنَّا أَرْسَلْنَاكَ شَاهِدًا وَمُبَشِّرًا وَنَذِيرًا

    О, веровеснику, Ние те пративме како сведок и како носител на радосни вести и како Пратеник кој опоменува,

    33:45
  3. وَدَاعِيًا إِلَى اللَّهِ بِإِذْنِهِ وَسِرَاجًا مُنِيرًا

    за да повикуваш кон Аллах, по Негова наредба, и како светилка која сјае.

    33:46
  4. وَبَشِّرِ الْمُؤْمِنِينَ بِأَنَّ لَهُمْ مِنَ اللَّهِ فَضْلًا كَبِيرًا

    И израдувај ги верниците дека Аллах нив со голема милост ќе ги опсипе,

    33:47
  5. وَلَا تُطِعِ الْكَافِرِينَ وَالْمُنَافِقِينَ وَدَعْ أَذَاهُمْ وَتَوَكَّلْ عَلَى اللَّهِ ۚ وَكَفَىٰ بِاللَّهِ وَكِيلًا

    а не ги слушај неверниците и лицемерите, и на нивните навреди не посветувај им внимание и имај доверба во Аллах, Аллах е доволен како заштитник.

    33:48
  6. يَا أَيُّهَا الَّذِينَ آمَنُوا إِذَا نَكَحْتُمُ الْمُؤْمِنَاتِ ثُمَّ طَلَّقْتُمُوهُنَّ مِنْ قَبْلِ أَنْ تَمَسُّوهُنَّ فَمَا لَكُمْ عَلَيْهِنَّ مِنْ عِدَّةٍ تَعْتَدُّونَهَا ۖ فَمَتِّعُوهُنَّ وَسَرِّحُوهُنَّ سَرَاحًا جَمِيلًا

    О, верници, кога ќе се ожените со вернички, а потоа ако ги разведете пред стапување во брачниот однос, тогаш тие не се должни да го чекаат одреденото време кое вие ќе го броите, туку дарувајте ги и убаво отпремете ги.

    33:49
  7. يَا أَيُّهَا النَّبِيُّ إِنَّا أَحْلَلْنَا لَكَ أَزْوَاجَكَ اللَّاتِي آتَيْتَ أُجُورَهُنَّ وَمَا مَلَكَتْ يَمِينُكَ مِمَّا أَفَاءَ اللَّهُ عَلَيْكَ وَبَنَاتِ عَمِّكَ وَبَنَاتِ عَمَّاتِكَ وَبَنَاتِ خَالِكَ وَبَنَاتِ خَالَاتِكَ اللَّاتِي هَاجَرْنَ مَعَكَ وَامْرَأَةً مُؤْمِنَةً إِنْ وَهَبَتْ نَفْسَهَا لِلنَّبِيِّ إِنْ أَرَادَ النَّبِيُّ أَنْ يَسْتَنْكِحَهَا خَالِصَةً لَكَ مِنْ دُونِ الْمُؤْمِنِينَ ۗ قَدْ عَلِمْنَا مَا فَرَضْنَا عَلَيْهِمْ فِي أَزْوَاجِهِمْ وَمَا مَلَكَتْ أَيْمَانُهُمْ لِكَيْلَا يَكُونَ عَلَيْكَ حَرَجٌ ۗ وَكَانَ اللَّهُ غَفُورًا رَحِيمًا

    О, Веровеснику, Ние ти дозволивме да ти бидат жени тие на кои си им ги дал нивните венчални дарови, и тие што се во твоја сопственост кои Аллах ти ги даде од пленот, и ќерките на чичковците твои, и ќерките на твоите тетки по татко, и ќерките на вујковците твои, и ќерките на твоите тетки по мајка кои со тебе се иселија, и верничката која себеси се подари на Веровесникот, ако Веровесникот сака со неа да се ожени, и само на тебе, а не на останатите верници. Ние знаеме што сме им пропишале на верниците кога е збор за жените нивни и за тие што се во нивна сопственост, а и за да не ти биде тешко. А Аллах простува и Милостив е!

    33:50

Превод: A group of Macedonian scholars