Мушаф, страница 362
-
وَقَالَ الَّذِينَ لَا يَرْجُونَ لِقَاءَنَا لَوْلَا أُنْزِلَ عَلَيْنَا الْمَلَائِكَةُ أَوْ نَرَىٰ رَبَّنَا ۗ لَقَدِ اسْتَكْبَرُوا فِي أَنْفُسِهِمْ وَعَتَوْا عُتُوًّا كَبِيرًا
И тие што не се надеваат на средба со Нас, велат: „Зошто не ни се испратат мелеци или зошто Господарот свој не Го гледаме?“ Тие се навистина во душите свои горделиви, а во неправдата сите граници ги преминаа.
25:21 -
يَوْمَ يَرَوْنَ الْمَلَائِكَةَ لَا بُشْرَىٰ يَوْمَئِذٍ لِلْمُجْرِمِينَ وَيَقُولُونَ حِجْرًا مَحْجُورًا
Тој Ден кога ќе ги здогледаат мелеците, тогаш нема да има радост за злосторниците. И мелеците ќе говорат: „Вам ви е целосно забранет Џенетот.“
25:22 -
وَقَدِمْنَا إِلَىٰ مَا عَمِلُوا مِنْ عَمَلٍ فَجَعَلْنَاهُ هَبَاءً مَنْثُورًا
И Ние ќе пристапиме кон делата нивни кои ги правеле, и во прав и пепел ќе ги претвориме.
25:23 -
أَصْحَابُ الْجَنَّةِ يَوْمَئِذٍ خَيْرٌ مُسْتَقَرًّا وَأَحْسَنُ مَقِيلًا
Жителите на Џенетот тој ден најдобро живеалиште и најубаво одморалиште ќе имаат.
25:24 -
وَيَوْمَ تَشَقَّقُ السَّمَاءُ بِالْغَمَامِ وَنُزِّلَ الْمَلَائِكَةُ تَنْزِيلًا
А на Денот кога небото ќе се расцепи и од него облак ќе се појави и кога мелеците сигурно ќе се спуштат,
25:25 -
الْمُلْكُ يَوْمَئِذٍ الْحَقُّ لِلرَّحْمَٰنِ ۚ وَكَانَ يَوْمًا عَلَى الْكَافِرِينَ عَسِيرًا
тој Ден вистинската власт ќе биде само кај Семилосниот, а тоа ќе биде мачен ден за неверниците.
25:26 -
وَيَوْمَ يَعَضُّ الظَّالِمُ عَلَىٰ يَدَيْهِ يَقُولُ يَا لَيْتَنِي اتَّخَذْتُ مَعَ الرَّسُولِ سَبِيلًا
На Денот кога насилникот прстите свои ќе ги гризе, говорејќи: „Камо среќа со Пратеникот на Вистинскиот пат да се придржував!
25:27 -
يَا وَيْلَتَىٰ لَيْتَنِي لَمْ أَتَّخِذْ فُلَانًا خَلِيلًا
Камо среќа, тешко мене, тој и тој за пријател да не го земев!
25:28 -
لَقَدْ أَضَلَّنِي عَنِ الذِّكْرِ بَعْدَ إِذْ جَاءَنِي ۗ وَكَانَ الشَّيْطَانُ لِلْإِنْسَانِ خَذُولًا
Тој од Опомената ме одврати, откако ми беше прикажан!“ – а шејтанот секогаш човекот го остава на цедило.
25:29 -
وَقَالَ الرَّسُولُ يَا رَبِّ إِنَّ قَوْمِي اتَّخَذُوا هَٰذَا الْقُرْآنَ مَهْجُورًا
Пратеникот рече: „Господару мој, народот мој Куранот го избегнува!“
25:30 -
وَكَذَٰلِكَ جَعَلْنَا لِكُلِّ نَبِيٍّ عَدُوًّا مِنَ الْمُجْرِمِينَ ۗ وَكَفَىٰ بِرَبِّكَ هَادِيًا وَنَصِيرًا
Ние исто така дадовме злосторниците да му бидат непријатели на секој веровесник. А тебе Господарот твој ти е доволен како упатувач и помагач!
25:31 -
وَقَالَ الَّذِينَ كَفَرُوا لَوْلَا نُزِّلَ عَلَيْهِ الْقُرْآنُ جُمْلَةً وَاحِدَةً ۚ كَذَٰلِكَ لِنُثَبِّتَ بِهِ فُؤَادَكَ ۖ وَرَتَّلْنَاهُ تَرْتِيلًا
Тие што не веруваат, велат: „Зошто Куранот не му е објавен целиот одеднаш?“ А така се објавува за со него срцето твое да го зацврстиме, и Ние го објавуваме постепено.
25:32
Превод: A group of Macedonian scholars