Мушаф, страница 321

  1. قَالَ كَذَٰلِكَ أَتَتْكَ آيَاتُنَا فَنَسِيتَهَا ۖ وَكَذَٰلِكَ الْيَوْمَ تُنْسَىٰ

    „Еве зошто.“ – ќе рече Тој. „Доказите наши ти доаѓаа, но ти ги забораваше, па и ти денес исто така ќе бидеш заборавен.“

    20:126
  2. وَكَذَٰلِكَ نَجْزِي مَنْ أَسْرَفَ وَلَمْ يُؤْمِنْ بِآيَاتِ رَبِّهِ ۚ وَلَعَذَابُ الْآخِرَةِ أَشَدُّ وَأَبْقَىٰ

    И така Ние ќе ги казниме сите тие кои на страстите премногу им се оддаваат и во доказите на Господарот свој не веруваат. А страдањето на оној свет, навистина, ќе биде пострашно и вечно.

    20:127
  3. أَفَلَمْ يَهْدِ لَهُمْ كَمْ أَهْلَكْنَا قَبْلَهُمْ مِنَ الْقُرُونِ يَمْشُونَ فِي مَسَاكِنِهِمْ ۗ إِنَّ فِي ذَٰلِكَ لَآيَاتٍ لِأُولِي النُّهَىٰ

    Зарем на нив не им е познато колку народи пред нив уништивме, на тие по чии живеалишта тие одат! Тоа се, навистина, докази за паметните луѓе.

    20:128
  4. وَلَوْلَا كَلِمَةٌ سَبَقَتْ مِنْ رَبِّكَ لَكَانَ لِزَامًا وَأَجَلٌ مُسَمًّى

    И да не се претходно изговорените зборови од Господарот твој, казната веќе ќе им беше неминовна.

    20:129
  5. فَاصْبِرْ عَلَىٰ مَا يَقُولُونَ وَسَبِّحْ بِحَمْدِ رَبِّكَ قَبْلَ طُلُوعِ الشَّمْسِ وَقَبْلَ غُرُوبِهَا ۖ وَمِنْ آنَاءِ اللَّيْلِ فَسَبِّحْ وَأَطْرَافَ النَّهَارِ لَعَلَّكَ تَرْضَىٰ

    Затоа истрпи ги нивните зборови и Господарот свој слави Го, заблагодарувајќи Му, пред излегувањето на Сонцето и пред заоѓањето негово, и слави Го во ноќните часови, и на крајот од денот, за да бидеш задоволен.

    20:130
  6. وَلَا تَمُدَّنَّ عَيْنَيْكَ إِلَىٰ مَا مَتَّعْنَا بِهِ أَزْوَاجًا مِنْهُمْ زَهْرَةَ الْحَيَاةِ الدُّنْيَا لِنَفْتِنَهُمْ فِيهِ ۚ وَرِزْقُ رَبِّكَ خَيْرٌ وَأَبْقَىٰ

    И никако не обрнувај внимание на разните неверници, на кои како уживање убавините на овој свет им ги пружаме, и со тоа на искушение да ги ставиме, но снабдувањето на Господарот твој е подобро и вечно е.

    20:131
  7. وَأْمُرْ أَهْلَكَ بِالصَّلَاةِ وَاصْطَبِرْ عَلَيْهَا ۖ لَا نَسْأَلُكَ رِزْقًا ۖ نَحْنُ نَرْزُقُكَ ۗ وَالْعَاقِبَةُ لِلتَّقْوَىٰ

    Нареди му на семејството свое да го извршува намазот (молитвата) и истрај во тоа! Ние не бараме од тебе снабдување, Ние тебе те снабдуваме! А само тие кои од Аллах ќе стравуваат и кои од гревовите ќе се чуваат ги чека убава завршница.

    20:132
  8. وَقَالُوا لَوْلَا يَأْتِينَا بِآيَةٍ مِنْ رَبِّهِ ۚ أَوَلَمْ تَأْتِهِمْ بَيِّنَةُ مَا فِي الصُّحُفِ الْأُولَىٰ

    Тие велат: „Зошто не ни донесе некакво чудо од Господарот свој?“ А зарем не им доаѓа објаснување за тоа што го има во листовите дамнешни?

    20:133
  9. وَلَوْ أَنَّا أَهْلَكْنَاهُمْ بِعَذَابٍ مِنْ قَبْلِهِ لَقَالُوا رَبَّنَا لَوْلَا أَرْسَلْتَ إِلَيْنَا رَسُولًا فَنَتَّبِعَ آيَاتِكَ مِنْ قَبْلِ أَنْ نَذِلَّ وَنَخْزَىٰ

    А да ги уништевме пред него со некаква казна, сигурно ќе кажеа: „Господару наш, зошто не ни испрати Пратеник за зборовите Твои да ги следевме пред уништени и засрамени да станеме.“

    20:134
  10. قُلْ كُلٌّ مُتَرَبِّصٌ فَتَرَبَّصُوا ۖ فَسَتَعْلَمُونَ مَنْ أَصْحَابُ الصِّرَاطِ السَّوِيِّ وَمَنِ اهْتَدَىٰ

    Кажи: „Секој очекува, па чекајте и вие, а сигурно ќе дознаете кои беа следбениците на Исправниот пат и кој бил упатен.“

    20:135

Превод: Група македонски научници