Мушаф, страница 300
-
وَلَقَدْ صَرَّفْنَا فِي هَٰذَا الْقُرْآنِ لِلنَّاسِ مِنْ كُلِّ مَثَلٍ ۚ وَكَانَ الْإِنْسَانُ أَكْثَرَ شَيْءٍ جَدَلًا
Ние во овој Куран на разни начини им објаснуваме на луѓето различни примери, но човекот, повеќе од кој било друг е спремен да расправа.
18:54 -
وَمَا مَنَعَ النَّاسَ أَنْ يُؤْمِنُوا إِذْ جَاءَهُمُ الْهُدَىٰ وَيَسْتَغْفِرُوا رَبَّهُمْ إِلَّا أَنْ تَأْتِيَهُمْ سُنَّةُ الْأَوَّلِينَ أَوْ يَأْتِيَهُمُ الْعَذَابُ قُبُلًا
А луѓето, кога им доаѓа упатството, ги одвраќа од верувањето и од тоа на Господарот свој да Му се молат за прошка само затоа што ја очекуваат судбината на древните народи или што чекаат да им дојде казната пред нив.
18:55 -
وَمَا نُرْسِلُ الْمُرْسَلِينَ إِلَّا مُبَشِّرِينَ وَمُنْذِرِينَ ۚ وَيُجَادِلُ الَّذِينَ كَفَرُوا بِالْبَاطِلِ لِيُدْحِضُوا بِهِ الْحَقَّ ۖ وَاتَّخَذُوا آيَاتِي وَمَا أُنْذِرُوا هُزُوًا
Ние ги праќаме Пратениците, само за да носат радосни вести и да опоменуваат. А неверниците се расправаат, служејќи се со невистини, за со тоа да ја негираат Вистината, и се исмејуваат со Моите докази и со Моите опомени.
18:56 -
وَمَنْ أَظْلَمُ مِمَّنْ ذُكِّرَ بِآيَاتِ رَبِّهِ فَأَعْرَضَ عَنْهَا وَنَسِيَ مَا قَدَّمَتْ يَدَاهُ ۚ إِنَّا جَعَلْنَا عَلَىٰ قُلُوبِهِمْ أَكِنَّةً أَنْ يَفْقَهُوهُ وَفِي آذَانِهِمْ وَقْرًا ۖ وَإِنْ تَدْعُهُمْ إِلَى الْهُدَىٰ فَلَنْ يَهْتَدُوا إِذًا أَبَدًا
Има ли понеправеден од тој што кога со доказите на Господарот свој се опоменува, е немарен кон нив, а го заборава тоа што рацете негови го направиле?! Ние на срцата нивни прекривки ставаме за Куранот да не го сфатат, а во ушите нивни глувост; и ако ти кон Вистинскиот пат ги повикаш, тие, кога се такви, никогаш нема на Вистинскиот пат да појдат.
18:57 -
وَرَبُّكَ الْغَفُورُ ذُو الرَّحْمَةِ ۖ لَوْ يُؤَاخِذُهُمْ بِمَا كَسَبُوا لَعَجَّلَ لَهُمُ الْعَذَابَ ۚ بَلْ لَهُمْ مَوْعِدٌ لَنْ يَجِدُوا مِنْ دُونِهِ مَوْئِلًا
Господарот твој многу простува и неизмерно е Милостив. Да ги казнува за тоа што го заслужуваат, Тој веднаш на мака би ги ставил. Но, нив ги чека одредениот Час, од кој нема да најдат прибежиште.
18:58 -
وَتِلْكَ الْقُرَىٰ أَهْلَكْنَاهُمْ لَمَّا ظَلَمُوا وَجَعَلْنَا لِمَهْلِكِهِمْ مَوْعِدًا
А тие села и градови ги уништивме откако жителите нивни сторија насилство и за пропаста нивна точно време одредивме.
18:59 -
وَإِذْ قَالَ مُوسَىٰ لِفَتَاهُ لَا أَبْرَحُ حَتَّىٰ أَبْلُغَ مَجْمَعَ الْبَحْرَيْنِ أَوْ أَمْضِيَ حُقُبًا
И кога Муса му рече на сопатникот свој: „Ќе одам, сè додека не стигнам до местото каде што се спојуваат двете мориња, или долго, долго ќе одам.“
18:60 -
فَلَمَّا بَلَغَا مَجْمَعَ بَيْنِهِمَا نَسِيَا حُوتَهُمَا فَاتَّخَذَ سَبِيلَهُ فِي الْبَحْرِ سَرَبًا
И кога тие двајцата стигнаа до местото на кое тие (морињата) се спојуваат, заборавија на рибата своја, па таа во морето си направи пат.
18:61
Превод: Група македонски научници