Мушаф, страница 178
-
إِذْ تَسْتَغِيثُونَ رَبَّكُمْ فَاسْتَجَابَ لَكُمْ أَنِّي مُمِدُّكُمْ بِأَلْفٍ مِنَ الْمَلَائِكَةِ مُرْدِفِينَ
И кога од Господарот свој помош побаравте, Тој ви се одѕва: „Ќе ви пратам на помош илјада мелеци кои едни по други ќе доаѓаат.“
8:9 -
وَمَا جَعَلَهُ اللَّهُ إِلَّا بُشْرَىٰ وَلِتَطْمَئِنَّ بِهِ قُلُوبُكُمْ ۚ وَمَا النَّصْرُ إِلَّا مِنْ عِنْدِ اللَّهِ ۚ إِنَّ اللَّهَ عَزِيزٌ حَكِيمٌ
Аллах тоа го стори за да ве израдува и со тоа срцата ваши да се смират; а победата е само од Аллах. Аллах е навистина Силен и Мудар!
8:10 -
إِذْ يُغَشِّيكُمُ النُّعَاسَ أَمَنَةً مِنْهُ وَيُنَزِّلُ عَلَيْكُمْ مِنَ السَّمَاءِ مَاءً لِيُطَهِّرَكُمْ بِهِ وَيُذْهِبَ عَنْكُمْ رِجْزَ الشَّيْطَانِ وَلِيَرْبِطَ عَلَىٰ قُلُوبِكُمْ وَيُثَبِّتَ بِهِ الْأَقْدَامَ
Кога Тој направи сонот, како спокојство од Него, да ве обземе и од небото дожд ви спушти за со него да ве исчисти, и од вас шејтановото вознемирување да го отстрани, и срцата ваши силни да ги направи и со него чекорите да ви ги зацврсти.
8:11 -
إِذْ يُوحِي رَبُّكَ إِلَى الْمَلَائِكَةِ أَنِّي مَعَكُمْ فَثَبِّتُوا الَّذِينَ آمَنُوا ۚ سَأُلْقِي فِي قُلُوبِ الَّذِينَ كَفَرُوا الرُّعْبَ فَاضْرِبُوا فَوْقَ الْأَعْنَاقِ وَاضْرِبُوا مِنْهُمْ كُلَّ بَنَانٍ
Кога Господарот твој им вдахна на мелеците: „Јас сум со вас, па зацврстете ги тие што веруваат! Во срцата на неверниците Јас страв ќе влеам, па вие по вратовите удрете ги и по прстите удрете ги!“
8:12 -
ذَٰلِكَ بِأَنَّهُمْ شَاقُّوا اللَّهَ وَرَسُولَهُ ۚ وَمَنْ يُشَاقِقِ اللَّهَ وَرَسُولَهُ فَإِنَّ اللَّهَ شَدِيدُ الْعِقَابِ
Затоа што им се спротивставуваа на Аллах и на Пратеникот Негов; а тој што ќе им се спротивстави на Аллах и на Пратеникот Негов, Аллах навистина страшно ќе го казни!
8:13 -
ذَٰلِكُمْ فَذُوقُوهُ وَأَنَّ لِلْكَافِرِينَ عَذَابَ النَّارِ
Тоа ви е казната, па искусете ја, а неверниците ги чека страдање во Огнот.
8:14 -
يَا أَيُّهَا الَّذِينَ آمَنُوا إِذَا لَقِيتُمُ الَّذِينَ كَفَرُوا زَحْفًا فَلَا تُوَلُّوهُمُ الْأَدْبَارَ
О, верници, кога со неверниците во борба ќе се судрите, а тие се многубројни, не вртете им грб;
8:15 -
وَمَنْ يُوَلِّهِمْ يَوْمَئِذٍ دُبُرَهُ إِلَّا مُتَحَرِّفًا لِقِتَالٍ أَوْ مُتَحَيِّزًا إِلَىٰ فِئَةٍ فَقَدْ بَاءَ بِغَضَبٍ مِنَ اللَّهِ وَمَأْوَاهُ جَهَنَّمُ ۖ وَبِئْسَ الْمَصِيرُ
тој што тогаш ќе им сврти грб, освен тој што ќе се повлече со намера пак да се бори или пак на друга чета да ѝ пристапи, ќе се врати натоварен со Аллаховиот грев; живеалиштето негово ќе биде Џехенемот, а тоа е ужасно престојувалиште.
8:16
Превод: A group of Macedonian scholars