Мушаф, страница 160
-
وَاذْكُرُوا إِذْ جَعَلَكُمْ خُلَفَاءَ مِنْ بَعْدِ عَادٍ وَبَوَّأَكُمْ فِي الْأَرْضِ تَتَّخِذُونَ مِنْ سُهُولِهَا قُصُورًا وَتَنْحِتُونَ الْجِبَالَ بُيُوتًا ۖ فَاذْكُرُوا آلَاءَ اللَّهِ وَلَا تَعْثَوْا فِي الْأَرْضِ مُفْسِدِينَ
И сетете се дека со Негова волја станавте наследници на Ад и дека Тој на Земјата ве насели; во рамниците нејзини палати градите, а во брдата куќи клесате. И нека ви се секогаш на ум Аллаховите благодати, и не правете зло по Земјата, правејќи неред!“
7:74 -
قَالَ الْمَلَأُ الَّذِينَ اسْتَكْبَرُوا مِنْ قَوْمِهِ لِلَّذِينَ اسْتُضْعِفُوا لِمَنْ آمَنَ مِنْهُمْ أَتَعْلَمُونَ أَنَّ صَالِحًا مُرْسَلٌ مِنْ رَبِّهِ ۚ قَالُوا إِنَّا بِمَا أُرْسِلَ بِهِ مُؤْمِنُونَ
А главешините на народот негов, тие што се вообразија, ги запрашаа угнетените, тие меѓу нив кои веруваа: „Верувате ли вие дека Салих е пратен од Господарот свој?“ – „Ние, навистина, веруваме во сè што е по него објавено.“ – одговорија тие.
7:75 -
قَالَ الَّذِينَ اسْتَكْبَرُوا إِنَّا بِالَّذِي آمَنْتُمْ بِهِ كَافِرُونَ
„А ние, навистина, не веруваме во тоа во што вие верувате.“ – рекоа вообразените.
7:76 -
فَعَقَرُوا النَّاقَةَ وَعَتَوْا عَنْ أَمْرِ رَبِّهِمْ وَقَالُوا يَا صَالِحُ ائْتِنَا بِمَا تَعِدُنَا إِنْ كُنْتَ مِنَ الْمُرْسَلِينَ
И тие ја заклаа камилата, и заповедта од Господарот свој не ја послушаа и рекоа: „О, Салих, стори да нè снајде тоа со што се закануваш, ако си Пратеник!“
7:77 -
فَأَخَذَتْهُمُ الرَّجْفَةُ فَأَصْبَحُوا فِي دَارِهِمْ جَاثِمِينَ
И страшен потрес ги снајде и тие во земјата своја осамнаа мртви, неподвижни!
7:78 -
فَتَوَلَّىٰ عَنْهُمْ وَقَالَ يَا قَوْمِ لَقَدْ أَبْلَغْتُكُمْ رِسَالَةَ رَبِّي وَنَصَحْتُ لَكُمْ وَلَٰكِنْ لَا تُحِبُّونَ النَّاصِحِينَ
А тој веќе ги напушти и рече: „О, народе мој, ви го пренесов посланието од Господарот свој и ве опоменував, но вие не ги сакате тие што опоменуваат.“
7:79 -
وَلُوطًا إِذْ قَالَ لِقَوْمِهِ أَتَأْتُونَ الْفَاحِشَةَ مَا سَبَقَكُمْ بِهَا مِنْ أَحَدٍ مِنَ الْعَالَمِينَ
И Лут – кога му рече на народот свој: „Зошто правите разврат каков никој пред вас на светот не го чинел?
7:80 -
إِنَّكُمْ لَتَأْتُونَ الرِّجَالَ شَهْوَةً مِنْ دُونِ النِّسَاءِ ۚ بَلْ أَنْتُمْ قَوْمٌ مُسْرِفُونَ
Вие со страст им приоѓате на мажите, наместо на жените. Вие сте народ кој сите граници на злото ги преминува!“
7:81
Превод: Група македонски научници