Мушаф, страница 124
-
أُحِلَّ لَكُمْ صَيْدُ الْبَحْرِ وَطَعَامُهُ مَتَاعًا لَكُمْ وَلِلسَّيَّارَةِ ۖ وَحُرِّمَ عَلَيْكُمْ صَيْدُ الْبَرِّ مَا دُمْتُمْ حُرُمًا ۗ وَاتَّقُوا اللَّهَ الَّذِي إِلَيْهِ تُحْشَرُونَ
Вам ви се допушта во морето да ловите и уловот да го јадете, со него вие и патниците да се користите, а ви се забранува на копно да ловите додека обредите на аџилакот ги извршувате. И плашете се од Аллах, пред Кого ќе се соберете!
5:96 -
جَعَلَ اللَّهُ الْكَعْبَةَ الْبَيْتَ الْحَرَامَ قِيَامًا لِلنَّاسِ وَالشَّهْرَ الْحَرَامَ وَالْهَدْيَ وَالْقَلَائِدَ ۚ ذَٰلِكَ لِتَعْلَمُوا أَنَّ اللَّهَ يَعْلَمُ مَا فِي السَّمَاوَاتِ وَمَا فِي الْأَرْضِ وَأَنَّ اللَّهَ بِكُلِّ شَيْءٍ عَلِيمٌ
Аллах ја направил Ќаба, Светиот Храм, да биде препород за луѓето, а така и светиот месец и курбаните, особено тие со оглав означени, за да знаете дека на Аллах Му е познато тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата, дека Аллах, навистина, знае сè.
5:97 -
اعْلَمُوا أَنَّ اللَّهَ شَدِيدُ الْعِقَابِ وَأَنَّ اللَّهَ غَفُورٌ رَحِيمٌ
Знајте дека Аллах строго казнува, но и дека простува и дека е Милостив!
5:98 -
مَا عَلَى الرَّسُولِ إِلَّا الْبَلَاغُ ۗ وَاللَّهُ يَعْلَمُ مَا تُبْدُونَ وَمَا تَكْتُمُونَ
На Пратеникот должност му е единствено да објави, а Аллах го знае и тоа што јавно го правите и тоа што го криете.
5:99 -
قُلْ لَا يَسْتَوِي الْخَبِيثُ وَالطَّيِّبُ وَلَوْ أَعْجَبَكَ كَثْرَةُ الْخَبِيثِ ۚ فَاتَّقُوا اللَّهَ يَا أُولِي الْأَلْبَابِ لَعَلَّكُمْ تُفْلِحُونَ
Кажи: „Не е исто тоа што е забрането и тоа што е дозволено, иако те изненадува мноштвото од забранетото. Затоа плашете се од Аллах, о, вие кои сте обдарени со разум, за да го постигнете тоа што го сакате.
5:100 -
يَا أَيُّهَا الَّذِينَ آمَنُوا لَا تَسْأَلُوا عَنْ أَشْيَاءَ إِنْ تُبْدَ لَكُمْ تَسُؤْكُمْ وَإِنْ تَسْأَلُوا عَنْهَا حِينَ يُنَزَّلُ الْقُرْآنُ تُبْدَ لَكُمْ عَفَا اللَّهُ عَنْهَا ۗ وَاللَّهُ غَفُورٌ حَلِيمٌ
О, верници, не прашувајте за тоа што ќе ви причини непријатност ако ви се објасни; а ако прашате за тоа додека Куранот се објавува, ќе ви се објасни; тоа претходното Аллах веќе ви го прости. А Аллах простува и Благ е!
5:101 -
قَدْ سَأَلَهَا قَوْمٌ مِنْ قَبْلِكُمْ ثُمَّ أَصْبَحُوا بِهَا كَافِرِينَ
Некои луѓе прашаа за тоа пред вас, па потоа во тоа не поверуваа.
5:102 -
مَا جَعَلَ اللَّهُ مِنْ بَحِيرَةٍ وَلَا سَائِبَةٍ وَلَا وَصِيلَةٍ وَلَا حَامٍ ۙ وَلَٰكِنَّ الَّذِينَ كَفَرُوا يَفْتَرُونَ عَلَى اللَّهِ الْكَذِبَ ۖ وَأَكْثَرُهُمْ لَا يَعْقِلُونَ
Аллах не пропишал да се сечат ушите од камилата која донела на свет пет младенчиња, ниту да се ослободи во име на некој идол, ниту да се жртвуваат овци кои петпати донеле на свет близначиња или пак камилата која петпати донела на свет машко; тоа тие што не веруваат за Аллах кажуваат лаги и мноштвото од нив немаат памет.
5:103
Превод: Група македонски научници