Сура 9 Ет Теуба, ајат 81 – 85
-
فَرِحَ الْمُخَلَّفُونَ بِمَقْعَدِهِمْ خِلَافَ رَسُولِ اللَّهِ وَكَرِهُوا أَنْ يُجَاهِدُوا بِأَمْوَالِهِمْ وَأَنْفُسِهِمْ فِي سَبِيلِ اللَّهِ وَقَالُوا لَا تَنْفِرُوا فِي الْحَرِّ ۗ قُلْ نَارُ جَهَنَّمَ أَشَدُّ حَرًّا ۚ لَوْ كَانُوا يَفْقَهُونَ
Тие што заостанаа зад Аллаховиот Пратеник се веселеа во куќите свои – мака им беше да се борат на Аллаховиот пат заложувајќи ги имотите свои и животите свои, и меѓусебно си велеа: „Не тргнувајте во бој на жештинава!“ Кажи: „Џехенемскиот оган е уште пожежок!“ – кога тие само би знаеле.
9:81 -
فَلْيَضْحَكُوا قَلِيلًا وَلْيَبْكُوا كَثِيرًا جَزَاءً بِمَا كَانُوا يَكْسِبُونَ
Тие малку ќе се смеат, а долго ќе плачат, ќе биде тоа казна за тоа што го заработиле.
9:82 -
فَإِنْ رَجَعَكَ اللَّهُ إِلَىٰ طَائِفَةٍ مِنْهُمْ فَاسْتَأْذَنُوكَ لِلْخُرُوجِ فَقُلْ لَنْ تَخْرُجُوا مَعِيَ أَبَدًا وَلَنْ تُقَاتِلُوا مَعِيَ عَدُوًّا ۖ إِنَّكُمْ رَضِيتُمْ بِالْقُعُودِ أَوَّلَ مَرَّةٍ فَاقْعُدُوا مَعَ الْخَالِفِينَ
И ако Аллах повторно те врати кај некои од нив, па те замолат да им дозволиш да појдат со тебе во бој, ти кажи им: „Никогаш со мене во бој нема да одите и никогаш со мене против непријателот нема да се борите! Бевте задоволни што изостанавте првиот пат, затоа останете со тие што и така не одат во бој.“
9:83 -
وَلَا تُصَلِّ عَلَىٰ أَحَدٍ مِنْهُمْ مَاتَ أَبَدًا وَلَا تَقُمْ عَلَىٰ قَبْرِهِ ۖ إِنَّهُمْ كَفَرُوا بِاللَّهِ وَرَسُولِهِ وَمَاتُوا وَهُمْ فَاسِقُونَ
И за никој од нив, кога ќе умре, немој да се молиш, ниту на погребот негов да присуствуваш, бидејќи тие во Аллах и во Неговиот Пратеник не веруваат и како неверници умираат!
9:84 -
وَلَا تُعْجِبْكَ أَمْوَالُهُمْ وَأَوْلَادُهُمْ ۚ إِنَّمَا يُرِيدُ اللَّهُ أَنْ يُعَذِّبَهُمْ بِهَا فِي الدُّنْيَا وَتَزْهَقَ أَنْفُسُهُمْ وَهُمْ كَافِرُونَ
Нека не те восхитуваат богатствата нивни и децата нивни! Аллах сака со нив да ги намачи на овој свет и душите да им излезат додека се неверници.
9:85
Превод: Група македонски научници