Сура 92 Ел Лејл, ајат 14 – 21
-
فَأَنْذَرْتُكُمْ نَارًا تَلَظَّىٰ
Затоа ве опоменувам со огнот распален,
92:14 -
لَا يَصْلَاهَا إِلَّا الْأَشْقَى
во којшто само несреќникот ќе влезе,
92:15 -
الَّذِي كَذَّبَ وَتَوَلَّىٰ
тој што ќе негира и главата од вистината ќе ја врти!
92:16 -
وَسَيُجَنَّبُهَا الْأَتْقَى
А далеку од него ќе биде богобојазливиот,
92:17 -
الَّذِي يُؤْتِي مَالَهُ يَتَزَكَّىٰ
тој што од имотот свој ќе дава, за да се исчисти,
92:18 -
وَمَا لِأَحَدٍ عِنْدَهُ مِنْ نِعْمَةٍ تُجْزَىٰ
не очекувајќи со благодарност да му се возврати,
92:19 -
إِلَّا ابْتِغَاءَ وَجْهِ رَبِّهِ الْأَعْلَىٰ
туку единствено копнеејќи по Лицето на Господарот свој Севишен,
92:20 -
وَلَسَوْفَ يَرْضَىٰ
и тој навистина задоволен ќе биде!
92:21
Превод: Група македонски научници