Сура 90 Ел Белед, ајат 13 – 18
-
فَكُّ رَقَبَةٍ
Роб од ропство да се ослободи,
90:13 -
أَوْ إِطْعَامٌ فِي يَوْمٍ ذِي مَسْغَبَةٍ
или, гладот кога владее, да се нахрани
90:14 -
يَتِيمًا ذَا مَقْرَبَةٍ
сираче од родот близок,
90:15 -
أَوْ مِسْكِينًا ذَا مَتْرَبَةٍ
или сиромав, со неволји оптоварен,
90:16 -
ثُمَّ كَانَ مِنَ الَّذِينَ آمَنُوا وَتَوَاصَوْا بِالصَّبْرِ وَتَوَاصَوْا بِالْمَرْحَمَةِ
а со тоа и да е од оние коишто веруваат, коишто едни со други трпеливост си препорачуваат и коишто едни со други милост си препорачуваат.
90:17 -
أُولَٰئِكَ أَصْحَابُ الْمَيْمَنَةِ
Тие ќе бидат среќни!
90:18
Превод: Група македонски научници