Сура 84 Ел Иншикак, ајат 1 – 12
-
إِذَا السَّمَاءُ انْشَقَّتْ
Кога небото ќе се раскине,
84:1 -
وَأَذِنَتْ لِرَبِّهَا وَحُقَّتْ
и кога Господарот свој ќе го послуша – а тоа ќе биде должно за тоа –
84:2 -
وَإِذَا الْأَرْضُ مُدَّتْ
и кога Земјата ќе се растегне,
84:3 -
وَأَلْقَتْ مَا فِيهَا وَتَخَلَّتْ
и ќе го исфрли тоа што е во неа, и потполно ќе се испразни,
84:4 -
وَأَذِنَتْ لِرَبِّهَا وَحُقَّتْ
и ќе го послуша Господарот свој – а таа ќе биде должна за тоа –
84:5 -
يَا أَيُّهَا الْإِنْسَانُ إِنَّكَ كَادِحٌ إِلَىٰ رَبِّكَ كَدْحًا فَمُلَاقِيهِ
ти, о, човеку, што многу се трудиш, трудот свој пред Господарот свој ќе го најдеш.
84:6 -
فَأَمَّا مَنْ أُوتِيَ كِتَابَهُ بِيَمِينِهِ
Оној кому книгата негова во неговата десна рака ќе му биде дадена
84:7 -
فَسَوْفَ يُحَاسَبُ حِسَابًا يَسِيرًا
лесно ќе ја положи сметката
84:8 -
وَيَنْقَلِبُ إِلَىٰ أَهْلِهِ مَسْرُورًا
и кај своето семејство радосен ќе се врати.
84:9 -
وَأَمَّا مَنْ أُوتِيَ كِتَابَهُ وَرَاءَ ظَهْرِهِ
А оној кому книгата негова од зад неговиот грб ќе му биде дадена
84:10 -
فَسَوْفَ يَدْعُو ثُبُورًا
пропаста ќе ја повикува
84:11 -
وَيَصْلَىٰ سَعِيرًا
и во огнот ќе гори,
84:12
Превод: Група македонски научници