Сура 7 Ел Араф, ајат 74 – 77

  1. وَاذْكُرُوا إِذْ جَعَلَكُمْ خُلَفَاءَ مِنْ بَعْدِ عَادٍ وَبَوَّأَكُمْ فِي الْأَرْضِ تَتَّخِذُونَ مِنْ سُهُولِهَا قُصُورًا وَتَنْحِتُونَ الْجِبَالَ بُيُوتًا ۖ فَاذْكُرُوا آلَاءَ اللَّهِ وَلَا تَعْثَوْا فِي الْأَرْضِ مُفْسِدِينَ

    И сетете се дека со Негова волја станавте наследници на Ад и дека Тој на Земјата ве насели; во рамниците нејзини палати градите, а во брдата куќи клесате. И нека ви се секогаш на ум Аллаховите благодати, и не правете зло по Земјата, правејќи неред!“

    7:74
  2. قَالَ الْمَلَأُ الَّذِينَ اسْتَكْبَرُوا مِنْ قَوْمِهِ لِلَّذِينَ اسْتُضْعِفُوا لِمَنْ آمَنَ مِنْهُمْ أَتَعْلَمُونَ أَنَّ صَالِحًا مُرْسَلٌ مِنْ رَبِّهِ ۚ قَالُوا إِنَّا بِمَا أُرْسِلَ بِهِ مُؤْمِنُونَ

    А главешините на народот негов, тие што се вообразија, ги запрашаа угнетените, тие меѓу нив кои веруваа: „Верувате ли вие дека Салих е пратен од Господарот свој?“ – „Ние, навистина, веруваме во сè што е по него објавено.“ – одговорија тие.

    7:75
  3. قَالَ الَّذِينَ اسْتَكْبَرُوا إِنَّا بِالَّذِي آمَنْتُمْ بِهِ كَافِرُونَ

    „А ние, навистина, не веруваме во тоа во што вие верувате.“ – рекоа вообразените.

    7:76
  4. فَعَقَرُوا النَّاقَةَ وَعَتَوْا عَنْ أَمْرِ رَبِّهِمْ وَقَالُوا يَا صَالِحُ ائْتِنَا بِمَا تَعِدُنَا إِنْ كُنْتَ مِنَ الْمُرْسَلِينَ

    И тие ја заклаа камилата, и заповедта од Господарот свој не ја послушаа и рекоа: „О, Салих, стори да нè снајде тоа со што се закануваш, ако си Пратеник!“

    7:77

Превод: Група македонски научници