Сура 7 Ел Араф, ајат 54 – 58
-
إِنَّ رَبَّكُمُ اللَّهُ الَّذِي خَلَقَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضَ فِي سِتَّةِ أَيَّامٍ ثُمَّ اسْتَوَىٰ عَلَى الْعَرْشِ يُغْشِي اللَّيْلَ النَّهَارَ يَطْلُبُهُ حَثِيثًا وَالشَّمْسَ وَالْقَمَرَ وَالنُّجُومَ مُسَخَّرَاتٍ بِأَمْرِهِ ۗ أَلَا لَهُ الْخَلْقُ وَالْأَمْرُ ۗ تَبَارَكَ اللَّهُ رَبُّ الْعَالَمِينَ
Господарот ваш е Аллах, Кој небесата и Земјата во шест периоди ги создаде, а потоа над Аршот се возвиши. Тој со темнината на ноќта го прекрива денот, која во чекор го следи, а Сонцето и Месечината и ѕвездите се покоруваат на Неговата волја. Само Тој создава и управува! Возвишен нека е Аллах, Господарот на световите!
7:54 -
ادْعُوا رَبَّكُمْ تَضَرُّعًا وَخُفْيَةً ۚ إِنَّهُ لَا يُحِبُّ الْمُعْتَدِينَ
Молете Му се понизно и во себе на Господарот свој, Тој, навистина, не ги сака тие што претеруваат.
7:55 -
وَلَا تُفْسِدُوا فِي الْأَرْضِ بَعْدَ إِصْلَاحِهَا وَادْعُوهُ خَوْفًا وَطَمَعًا ۚ إِنَّ رَحْمَتَ اللَّهِ قَرِيبٌ مِنَ الْمُحْسِنِينَ
И не правете неред на Земјата, кога на неа редот е веќе воспоставен, а молете Му се со страв и со надеж; милоста на Аллах е навистина блиску до тие што прават добри дела.
7:56 -
وَهُوَ الَّذِي يُرْسِلُ الرِّيَاحَ بُشْرًا بَيْنَ يَدَيْ رَحْمَتِهِ ۖ حَتَّىٰ إِذَا أَقَلَّتْ سَحَابًا ثِقَالًا سُقْنَاهُ لِبَلَدٍ مَيِّتٍ فَأَنْزَلْنَا بِهِ الْمَاءَ فَأَخْرَجْنَا بِهِ مِنْ كُلِّ الثَّمَرَاتِ ۚ كَذَٰلِكَ نُخْرِجُ الْمَوْتَىٰ لَعَلَّكُمْ تَذَكَّرُونَ
Тој ги праќа ветровите како радосна вест на милоста Своја; а кога тие ќе ги понесат тешките облаци, Ние кон мртвиот предел ги потеруваме, па на него дожд спуштаме и правиме со негова помош да израснат разновидни плодови; исто така и мртвите ќе ги оживееме, па земете поука!
7:57 -
وَالْبَلَدُ الطَّيِّبُ يَخْرُجُ نَبَاتُهُ بِإِذْنِ رَبِّهِ ۖ وَالَّذِي خَبُثَ لَا يَخْرُجُ إِلَّا نَكِدًا ۚ كَذَٰلِكَ نُصَرِّفُ الْآيَاتِ لِقَوْمٍ يَشْكُرُونَ
Во плодните предели растат растенија со волјата на Господарот нивен, а во неплодните дури со мака. Ете така Ние, на разни начини, им ги повторуваме доказите на луѓето кои забораваат.
7:58
Превод: Група македонски научници