Сура 75 Ел Кијаме, ајат 31 – 40
-
فَلَا صَدَّقَ وَلَا صَلَّىٰ
„Не веруваше и не клањаше,
75:31 -
وَلَٰكِنْ كَذَّبَ وَتَوَلَّىٰ
туку негираше и грбот го вртеше,
75:32 -
ثُمَّ ذَهَبَ إِلَىٰ أَهْلِهِ يَتَمَطَّىٰ
а потоа кај своите горделиво заминуваше.“
75:33 -
أَوْلَىٰ لَكَ فَأَوْلَىٰ
Тешко тебе! Тешко тебе!
75:34 -
ثُمَّ أَوْلَىٰ لَكَ فَأَوْلَىٰ
И уште еднаш: Тешко тебе! Тешко тебе!
75:35 -
أَيَحْسَبُ الْإِنْسَانُ أَنْ يُتْرَكَ سُدًى
Зарем човекот мисли дека без одговорност оставен ќе биде?
75:36 -
أَلَمْ يَكُ نُطْفَةً مِنْ مَنِيٍّ يُمْنَىٰ
Зарем не беше капка семе која се вметнува,
75:37 -
ثُمَّ كَانَ عَلَقَةً فَخَلَقَ فَسَوَّىٰ
потоа грутка на којашто тогаш Тој размер ѝ одреди и складен лик ѝ направи,
75:38 -
فَجَعَلَ مِنْهُ الزَّوْجَيْنِ الذَّكَرَ وَالْأُنْثَىٰ
и од него тогаш пар, маж и жена, создаде,
75:39 -
أَلَيْسَ ذَٰلِكَ بِقَادِرٍ عَلَىٰ أَنْ يُحْيِيَ الْمَوْتَىٰ
и зарем Тој не е во можност мртвите да ги оживее?
75:40
Превод: Група македонски научници