Сура 75 Ел Кијаме, ајат 1 – 15

  1. لَا أُقْسِمُ بِيَوْمِ الْقِيَامَةِ

    Се колнам во Денот во којшто Крајот на светот ќе настапи

    75:1
  2. وَلَا أُقْسِمُ بِالنَّفْسِ اللَّوَّامَةِ

    и се колнам во душата која себеси се кори.

    75:2
  3. أَيَحْسَبُ الْإِنْسَانُ أَلَّنْ نَجْمَعَ عِظَامَهُ

    Зарем човекот мисли дека нема никогаш да ги собереме коските негови?

    75:3
  4. بَلَىٰ قَادِرِينَ عَلَىٰ أَنْ نُسَوِّيَ بَنَانَهُ

    Напротив, Ние можеме повторно да ги создадеме и врвовите на неговите прсти.

    75:4
  5. بَلْ يُرِيدُ الْإِنْسَانُ لِيَفْجُرَ أَمَامَهُ

    Но, човекот додека е жив сака да греши,

    75:5
  6. يَسْأَلُ أَيَّانَ يَوْمُ الْقِيَامَةِ

    па прашува: „Кога Крајот на светот ќе биде?“

    75:6
  7. فَإِذَا بَرِقَ الْبَصَرُ

    Кога погледот од страв ќе се вкочани

    75:7
  8. وَخَسَفَ الْقَمَرُ

    и Месечината ќе се затемни

    75:8
  9. وَجُمِعَ الشَّمْسُ وَالْقَمَرُ

    и Сонцето и Месечината ќе се спојат па сјајот ќе го изгубат –

    75:9
  10. يَقُولُ الْإِنْسَانُ يَوْمَئِذٍ أَيْنَ الْمَفَرُّ

    тој ден човекот ќе повика: „Каде да се бега?“

    75:10
  11. كَلَّا لَا وَزَرَ

    Никаде! Засолниште нема.

    75:11
  12. إِلَىٰ رَبِّكَ يَوْمَئِذٍ الْمُسْتَقَرُّ

    Тој ден е враќањето кон твојот Господар,

    75:12
  13. يُنَبَّأُ الْإِنْسَانُ يَوْمَئِذٍ بِمَا قَدَّمَ وَأَخَّرَ

    тој ден човекот за тоа што го подготвил и за тоа што го пропуштил ќе биде известен,

    75:13
  14. بَلِ الْإِنْسَانُ عَلَىٰ نَفْسِهِ بَصِيرَةٌ

    самиот човек против себеси ќе сведочи,

    75:14
  15. وَلَوْ أَلْقَىٰ مَعَاذِيرَهُ

    макар и оправданијата свои да ги изнесува.

    75:15

Превод: Група македонски научници