Сура 6 Ел Енам, ајат 68 – 70
-
وَإِذَا رَأَيْتَ الَّذِينَ يَخُوضُونَ فِي آيَاتِنَا فَأَعْرِضْ عَنْهُمْ حَتَّىٰ يَخُوضُوا فِي حَدِيثٍ غَيْرِهِ ۚ وَإِمَّا يُنْسِيَنَّكَ الشَّيْطَانُ فَلَا تَقْعُدْ بَعْدَ الذِّكْرَىٰ مَعَ الْقَوْمِ الظَّالِمِينَ
Кога ќе ги видиш тие што на Нашите зборови се потсмеваат, биди далеку од нив сè додека не ги променат зборовите. А ако шејтанот те наведе да заборавиш, тогаш не седи со насилниците кога ќе се сетиш.
6:68 -
وَمَا عَلَى الَّذِينَ يَتَّقُونَ مِنْ حِسَابِهِمْ مِنْ شَيْءٍ وَلَٰكِنْ ذِكْرَىٰ لَعَلَّهُمْ يَتَّقُونَ
Тие што се плашат од Аллах нема за нив сметка да полагаат, но должни се да опоменуваат, со цел да престанат.
6:69 -
وَذَرِ الَّذِينَ اتَّخَذُوا دِينَهُمْ لَعِبًا وَلَهْوًا وَغَرَّتْهُمُ الْحَيَاةُ الدُّنْيَا ۚ وَذَكِّرْ بِهِ أَنْ تُبْسَلَ نَفْسٌ بِمَا كَسَبَتْ لَيْسَ لَهَا مِنْ دُونِ اللَّهِ وَلِيٌّ وَلَا شَفِيعٌ وَإِنْ تَعْدِلْ كُلَّ عَدْلٍ لَا يُؤْخَذْ مِنْهَا ۗ أُولَٰئِكَ الَّذِينَ أُبْسِلُوا بِمَا كَسَبُوا ۖ لَهُمْ شَرَابٌ مِنْ حَمِيمٍ وَعَذَابٌ أَلِيمٌ بِمَا كَانُوا يَكْفُرُونَ
Остави ги тие што својата вера како игра и забава ја земаат, и кои животот на овој свет ги измамил, а опоменувај со Куранот за да не страда човекот поради тоа што го прави, бидејќи освен Аллах, ни заштитник ни посредник нема да има, бидејќи од него никаква откупнина нема да се прими. Тие, поради тоа што го правеа, во маки ќе бидат држени; нив ги чека пијалак од зовриена вода и неподносливо страдање, затоа што не веруваа!
6:70
Превод: Група македонски научници