Сура 59 Ел Хашр, ајат 7 – 8

  1. مَا أَفَاءَ اللَّهُ عَلَىٰ رَسُولِهِ مِنْ أَهْلِ الْقُرَىٰ فَلِلَّهِ وَلِلرَّسُولِ وَلِذِي الْقُرْبَىٰ وَالْيَتَامَىٰ وَالْمَسَاكِينِ وَابْنِ السَّبِيلِ كَيْ لَا يَكُونَ دُولَةً بَيْنَ الْأَغْنِيَاءِ مِنْكُمْ ۚ وَمَا آتَاكُمُ الرَّسُولُ فَخُذُوهُ وَمَا نَهَاكُمْ عَنْهُ فَانْتَهُوا ۚ وَاتَّقُوا اللَّهَ ۖ إِنَّ اللَّهَ شَدِيدُ الْعِقَابِ

    Пленот од жителите на селата и на градовите кои Аллах му ги дарува на Пратеникот Свој им припаѓа: на Аллах и на Пратеникот Негов, и на неговите ближни, и на сирачињата, и на сиромашните и на патниците-намерници, за да не преоѓа само од раце во рацете на вашите богаташи; тоа што Пратеникот ќе ви го даде – земете го, а тоа што ќе ви го забрани – оставете го; и плашете се од Аллах бидејќи Аллах навистина жестоко казнува.

    59:7
  2. لِلْفُقَرَاءِ الْمُهَاجِرِينَ الَّذِينَ أُخْرِجُوا مِنْ دِيَارِهِمْ وَأَمْوَالِهِمْ يَبْتَغُونَ فَضْلًا مِنَ اللَّهِ وَرِضْوَانًا وَيَنْصُرُونَ اللَّهَ وَرَسُولَهُ ۚ أُولَٰئِكَ هُمُ الصَّادِقُونَ

    И на сиромашните мухаџири кои од својот роден крај се протерани и од имотот свој лишени, кои сакаат Аллаховата милост и наклоност да ја стекнат, и на Аллах и на Пратеникот Негов им помагаат – тоа се навистина вистински верници.

    59:8

Превод: Група македонски научници