Сура 58 Ел Муџадела, ајат 3 – 4

  1. وَالَّذِينَ يُظَاهِرُونَ مِنْ نِسَائِهِمْ ثُمَّ يَعُودُونَ لِمَا قَالُوا فَتَحْرِيرُ رَقَبَةٍ مِنْ قَبْلِ أَنْ يَتَمَاسَّا ۚ ذَٰلِكُمْ تُوعَظُونَ بِهِ ۚ وَاللَّهُ بِمَا تَعْمَلُونَ خَبِيرٌ

    Тие што на жените свои ќе им кажат дека не им се допуштени, како што не им се допуштени мајките нивни, а потоа ќе решат да се вратат на ставот на кој биле пред изречените зборови, должни се, пред едни со други да се допрат, да ослободат еден роб од ропство. Тоа ви се наредува, а Аллах добро го знае тоа што вие го правите.

    58:3
  2. فَمَنْ لَمْ يَجِدْ فَصِيَامُ شَهْرَيْنِ مُتَتَابِعَيْنِ مِنْ قَبْلِ أَنْ يَتَمَاسَّا ۖ فَمَنْ لَمْ يَسْتَطِعْ فَإِطْعَامُ سِتِّينَ مِسْكِينًا ۚ ذَٰلِكَ لِتُؤْمِنُوا بِاللَّهِ وَرَسُولِهِ ۚ وَتِلْكَ حُدُودُ اللَّهِ ۗ وَلِلْكَافِرِينَ عَذَابٌ أَلِيمٌ

    Тој што нема да најде, должен е непрекинато да пости два месеца пред еден со друг да се допрат. А тој што не може, должен е да нахрани шеесет сиромашни, за да потврди дека верува во Аллах и во Неговиот Пратеник – тоа ви се Аллаховите прописи. А неверниците ги чека болна казна.

    58:4

Превод: Група македонски научници