Сура 50 Каф, ајат 6 – 11

  1. أَفَلَمْ يَنْظُرُوا إِلَى السَّمَاءِ فَوْقَهُمْ كَيْفَ بَنَيْنَاهَا وَزَيَّنَّاهَا وَمَا لَهَا مِنْ فُرُوجٍ

    Зошто не го погледнат небото над себе? – како го создадовме и го украсивме и како во него нема пукнатини!

    50:6
  2. وَالْأَرْضَ مَدَدْنَاهَا وَأَلْقَيْنَا فِيهَا رَوَاسِيَ وَأَنْبَتْنَا فِيهَا مِنْ كُلِّ زَوْجٍ بَهِيجٍ

    А Земјата ја распостеливме и по неа неподвижни брда расфрлавме и дадовме од неа прекрасни разновидни растенија да никнуваат,

    50:7
  3. تَبْصِرَةً وَذِكْرَىٰ لِكُلِّ عَبْدٍ مُنِيبٍ

    за да размисли и за да се опомене секој роб кој на Господарот свој Му се обраќа.

    50:8
  4. وَنَزَّلْنَا مِنَ السَّمَاءِ مَاءً مُبَارَكًا فَأَنْبَتْنَا بِهِ جَنَّاتٍ وَحَبَّ الْحَصِيدِ

    Ние од небото спуштаме благословена вода и со нејзина помош правиме да никнуваат градини и жито што се жнее,

    50:9
  5. وَالنَّخْلَ بَاسِقَاتٍ لَهَا طَلْعٌ نَضِيدٌ

    и високи палми во кои плодовите се натрупани едни над други,

    50:10
  6. رِزْقًا لِلْعِبَادِ ۖ وَأَحْيَيْنَا بِهِ بَلْدَةً مَيْتًا ۚ كَذَٰلِكَ الْخُرُوجُ

    како храна за робовите и Ние со неа ги оживуваме мртвите предели; такво ќе биде и оживувањето.

    50:11

Превод: Група македонски научници