Сура 3 Али Имран, ајат 183 – 184

  1. الَّذِينَ قَالُوا إِنَّ اللَّهَ عَهِدَ إِلَيْنَا أَلَّا نُؤْمِنَ لِرَسُولٍ حَتَّىٰ يَأْتِيَنَا بِقُرْبَانٍ تَأْكُلُهُ النَّارُ ۗ قُلْ قَدْ جَاءَكُمْ رُسُلٌ مِنْ قَبْلِي بِالْبَيِّنَاتِ وَبِالَّذِي قُلْتُمْ فَلِمَ قَتَلْتُمُوهُمْ إِنْ كُنْتُمْ صَادِقِينَ

    Тие што велат: „Бог ни нареди да не му веруваме на ниту еден Пратеник пред да принесе жртва која огнот ќе ја проголта!“ Кажи: „И пред мене Пратениците ви носеа јасни докази, а и тоа за што зборувате. Па зошто тогаш, ако вистината ја говорите, ги убивавте?“

    3:183
  2. فَإِنْ كَذَّبُوكَ فَقَدْ كُذِّبَ رُسُلٌ مِنْ قَبْلِكَ جَاءُوا بِالْبَيِّنَاتِ وَالزُّبُرِ وَالْكِتَابِ الْمُنِيرِ

    А ако и тебе те сметаат за лажливец, па и пред тебе за лажливци беа сметани Пратениците кои носеа Јасни докази и листови и Книгата што осветлува!

    3:184

Превод: Група македонски научници