Сура 39 Ез Зумер, ајат 71 – 75
-
وَسِيقَ الَّذِينَ كَفَرُوا إِلَىٰ جَهَنَّمَ زُمَرًا ۖ حَتَّىٰ إِذَا جَاءُوهَا فُتِحَتْ أَبْوَابُهَا وَقَالَ لَهُمْ خَزَنَتُهَا أَلَمْ يَأْتِكُمْ رُسُلٌ مِنْكُمْ يَتْلُونَ عَلَيْكُمْ آيَاتِ رَبِّكُمْ وَيُنْذِرُونَكُمْ لِقَاءَ يَوْمِكُمْ هَٰذَا ۚ قَالُوا بَلَىٰ وَلَٰكِنْ حَقَّتْ كَلِمَةُ الْعَذَابِ عَلَى الْكَافِرِينَ
Тие што не веруваа во групи во Џехенем ќе бидат натерани, и кога до него ќе дојдат, портите негови ќе се отворат и чуварите негови ќе ги запрашаат: „Зарем не ви дојдоа вашите Пратеници, кои ајетите од Господарот ваш ви ги кажуваа и ве опоменуваа дека овој свој Ден ќе го доживеете?“ – „Да, дојдоа“ – ќе речат тие – „но се покажаа вистинити зборовите за казната на неверниците.“
39:71 -
قِيلَ ادْخُلُوا أَبْوَابَ جَهَنَّمَ خَالِدِينَ فِيهَا ۖ فَبِئْسَ مَثْوَى الْمُتَكَبِّرِينَ
И ќе биде кажано: „Влегувајте низ Џехенемските порти, вечно во нив ќе престојувате!“ Колку е грозно тоа престојувалиште за тие што беа вообразени!
39:72 -
وَسِيقَ الَّذِينَ اتَّقَوْا رَبَّهُمْ إِلَى الْجَنَّةِ زُمَرًا ۖ حَتَّىٰ إِذَا جَاءُوهَا وَفُتِحَتْ أَبْوَابُهَا وَقَالَ لَهُمْ خَزَنَتُهَا سَلَامٌ عَلَيْكُمْ طِبْتُمْ فَادْخُلُوهَا خَالِدِينَ
А тие што од Господарот свој се плашеа во поворки кон Џенетот ќе бидат поведени, и кога до него ќе стигнат – а портите негови веќе ширум отворени – неговите чувари ќе им кажат: „Мир со вас, од гревови сте чисти, затоа влезете во него, во него вечно ќе престојувате!“
39:73 -
وَقَالُوا الْحَمْدُ لِلَّهِ الَّذِي صَدَقَنَا وَعْدَهُ وَأَوْرَثَنَا الْأَرْضَ نَتَبَوَّأُ مِنَ الْجَنَّةِ حَيْثُ نَشَاءُ ۖ فَنِعْمَ أَجْرُ الْعَامِلِينَ
Тие ќе кажат: „Сета благодарност му припаѓа на Аллах Кој ветувањето Свое кон нас го исполни и во Џенетот место ни подари, да се населиме во него каде што сакаме!“ Колку се прекрасни наградите за тие што се труделе!
39:74 -
وَتَرَى الْمَلَائِكَةَ حَافِّينَ مِنْ حَوْلِ الْعَرْشِ يُسَبِّحُونَ بِحَمْدِ رَبِّهِمْ ۖ وَقُضِيَ بَيْنَهُمْ بِالْحَقِّ وَقِيلَ الْحَمْدُ لِلَّهِ رَبِّ الْعَالَمِينَ
И ќе ги видиш мелеците како Аршот (престолот) го окружуваат, величајќи и фалејќи Го Господарот свој; и на сите по правдата ќе им се пресуди и ќе биде кажано: „Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите!“
39:75
Превод: Група македонски научници