Сура 38 Сад, ајат 11 – 15

  1. جُنْدٌ مَا هُنَالِكَ مَهْزُومٌ مِنَ الْأَحْزَابِ

    Тие претставуваат незначителна сојузничка војска која таму ќе биде поразена.

    38:11
  2. كَذَّبَتْ قَبْلَهُمْ قَوْمُ نُوحٍ وَعَادٌ وَفِرْعَوْنُ ذُو الْأَوْتَادِ

    И уште пред нив ги сметаа за лажни своите Пратеници – народот на Нух, и Ад, и фараонот, сопственикот на градбите огромни,

    38:12
  3. وَثَمُودُ وَقَوْمُ لُوطٍ وَأَصْحَابُ الْأَيْكَةِ ۚ أُولَٰئِكَ الْأَحْزَابُ

    и Семуд и народот на Лут и жителите на Ејка; тие против Пратениците правеа завери!

    38:13
  4. إِنْ كُلٌّ إِلَّا كَذَّبَ الرُّسُلَ فَحَقَّ عِقَابِ

    Сите тие за лага ги клеветеа Пратениците и казната моја ја заслужија.

    38:14
  5. وَمَا يَنْظُرُ هَٰؤُلَاءِ إِلَّا صَيْحَةً وَاحِدَةً مَا لَهَا مِنْ فَوَاقٍ

    А и овие не чекаат, освен еден звук на рогот кој нема да биде потребно да се повтори,

    38:15

Превод: Група македонски научници