Сура 2 Ел Бекара, ајат 83 – 85
-
وَإِذْ أَخَذْنَا مِيثَاقَ بَنِي إِسْرَائِيلَ لَا تَعْبُدُونَ إِلَّا اللَّهَ وَبِالْوَالِدَيْنِ إِحْسَانًا وَذِي الْقُرْبَىٰ وَالْيَتَامَىٰ وَالْمَسَاكِينِ وَقُولُوا لِلنَّاسِ حُسْنًا وَأَقِيمُوا الصَّلَاةَ وَآتُوا الزَّكَاةَ ثُمَّ تَوَلَّيْتُمْ إِلَّا قَلِيلًا مِنْكُمْ وَأَنْتُمْ مُعْرِضُونَ
И кога од синовите Израилови зедовме завет дека само Аллах ќе Го обожувате, и на родителите и на ближните и на сирачињата и на сиромашните добри дела ќе им чините, а на луѓето убави зборови ќе им говорите; и дека намазот (молитвата) ќе го извршувате и зекат ќе давате, вие потоа, освен малкумина од вас, се изопачивте и заветот го изневеривте.
2:83 -
وَإِذْ أَخَذْنَا مِيثَاقَكُمْ لَا تَسْفِكُونَ دِمَاءَكُمْ وَلَا تُخْرِجُونَ أَنْفُسَكُمْ مِنْ دِيَارِكُمْ ثُمَّ أَقْرَرْتُمْ وَأَنْتُمْ تَشْهَدُونَ
И кога од вас зедовме завет дека крв едни на други нема да пролевате и дека меѓусебно од домовите ваши нема да се прогонувате, вие тоа го прифативте и посведочивте.
2:84 -
ثُمَّ أَنْتُمْ هَٰؤُلَاءِ تَقْتُلُونَ أَنْفُسَكُمْ وَتُخْرِجُونَ فَرِيقًا مِنْكُمْ مِنْ دِيَارِهِمْ تَظَاهَرُونَ عَلَيْهِمْ بِالْإِثْمِ وَالْعُدْوَانِ وَإِنْ يَأْتُوكُمْ أُسَارَىٰ تُفَادُوهُمْ وَهُوَ مُحَرَّمٌ عَلَيْكُمْ إِخْرَاجُهُمْ ۚ أَفَتُؤْمِنُونَ بِبَعْضِ الْكِتَابِ وَتَكْفُرُونَ بِبَعْضٍ ۚ فَمَا جَزَاءُ مَنْ يَفْعَلُ ذَٰلِكَ مِنْكُمْ إِلَّا خِزْيٌ فِي الْحَيَاةِ الدُّنْيَا ۖ وَيَوْمَ الْقِيَامَةِ يُرَدُّونَ إِلَىٰ أَشَدِّ الْعَذَابِ ۗ وَمَا اللَّهُ بِغَافِلٍ عَمَّا تَعْمَلُونَ
Потоа, вие сепак едни со други се убивате, а поединци од вас од родниот крај ги прогонувате, помагајќи се против нив со грев и насилство, па ако ви дојдат како заробеници, вие ги откупувате. А забрането ви е да ги прогонувате! Зарем во едниот дел на Книгата верувате, а другиот го негирате?! Тие од вас кои тоа го прават, на овој свет само понижување може да ги стигне, а на Судниот Ден на најтешки маки ќе бидат ставени! Аллах не пропушта да внимава на тоа што го правите.
2:85
Превод: Група македонски научници