Сура 2 Ел Бекара, ајат 40 – 49
-
يَا بَنِي إِسْرَائِيلَ اذْكُرُوا نِعْمَتِيَ الَّتِي أَنْعَمْتُ عَلَيْكُمْ وَأَوْفُوا بِعَهْدِي أُوفِ بِعَهْدِكُمْ وَإِيَّايَ فَارْهَبُونِ
О, синови Израилови, сетете се на благодатите Мои кои ви ги подарив, и исполнете го заветот што Ми го дадовте, па и Јас ќе го исполнам заветот што ви го дадов! И плашете се само од Мене!
2:40 -
وَآمِنُوا بِمَا أَنْزَلْتُ مُصَدِّقًا لِمَا مَعَكُمْ وَلَا تَكُونُوا أَوَّلَ كَافِرٍ بِهِ ۖ وَلَا تَشْتَرُوا بِآيَاتِي ثَمَنًا قَلِيلًا وَإِيَّايَ فَاتَّقُونِ
Верувајте во тоа што го објавив потврдувајќи го тоа што вие го имате и не бидете првите кои не веруваат во тоа! Не продавајте ги Моите зборови за ниска цена и плашете се само од Мене!
2:41 -
وَلَا تَلْبِسُوا الْحَقَّ بِالْبَاطِلِ وَتَكْتُمُوا الْحَقَّ وَأَنْتُمْ تَعْلَمُونَ
И не мешајте ја вистината со невистината криејќи ја вистината, иако знаете!
2:42 -
وَأَقِيمُوا الصَّلَاةَ وَآتُوا الزَّكَاةَ وَارْكَعُوا مَعَ الرَّاكِعِينَ
И намаз (молитва) извршувајте и зекат давајте; и со тие кои го извршуваат намазот и вие извршувајте го!
2:43 -
أَتَأْمُرُونَ النَّاسَ بِالْبِرِّ وَتَنْسَوْنَ أَنْفُسَكُمْ وَأَنْتُمْ تَتْلُونَ الْكِتَابَ ۚ أَفَلَا تَعْقِلُونَ
Зарем од другите барате да прават добри дела, а при тоа себеси се заборавате, а вие Книгата ја читате?! Зар нема да се опаметите?
2:44 -
وَاسْتَعِينُوا بِالصَّبْرِ وَالصَّلَاةِ ۚ وَإِنَّهَا لَكَبِيرَةٌ إِلَّا عَلَى الْخَاشِعِينَ
Барајте помош со трпеливоста и со намазот (молитвата). Тоа е навистина тешко, освен за послушните,
2:45 -
الَّذِينَ يَظُنُّونَ أَنَّهُمْ مُلَاقُو رَبِّهِمْ وَأَنَّهُمْ إِلَيْهِ رَاجِعُونَ
кои се убедени дека ќе се сретнат со Господарот свој и дека Нему ќе Му се вратат.
2:46 -
يَا بَنِي إِسْرَائِيلَ اذْكُرُوا نِعْمَتِيَ الَّتِي أَنْعَمْتُ عَلَيْكُمْ وَأَنِّي فَضَّلْتُكُمْ عَلَى الْعَالَمِينَ
О, синови Израилови! Сетете се на благодатите Мои кои ви ги подарив и за тоа што над другите светови ве одликував.
2:47 -
وَاتَّقُوا يَوْمًا لَا تَجْزِي نَفْسٌ عَنْ نَفْسٍ شَيْئًا وَلَا يُقْبَلُ مِنْهَا شَفَاعَةٌ وَلَا يُؤْخَذُ مِنْهَا عَدْلٌ وَلَا هُمْ يُنْصَرُونَ
И плашете се од Денот кога никој за никого нема да може ништо да направи; кога ничие посредување нема да биде примено, кога од никого откуп нема да се прими и кога на луѓето никој нема да им излезе на помош!
2:48 -
وَإِذْ نَجَّيْنَاكُمْ مِنْ آلِ فِرْعَوْنَ يَسُومُونَكُمْ سُوءَ الْعَذَابِ يُذَبِّحُونَ أَبْنَاءَكُمْ وَيَسْتَحْيُونَ نِسَاءَكُمْ ۚ وَفِي ذَٰلِكُمْ بَلَاءٌ مِنْ رَبِّكُمْ عَظِيمٌ
И кога ве спасивме од луѓето на фараонот кои со најтешки маки ве мачеа: машките деца ви ги колеа, а женските во живот ги оставаа – тоа ви беше големо искушение од Господарот ваш.
2:49
Превод: Група македонски научници