Сура 2 Ел Бекара, ајат 40 – 41

  1. يَا بَنِي إِسْرَائِيلَ اذْكُرُوا نِعْمَتِيَ الَّتِي أَنْعَمْتُ عَلَيْكُمْ وَأَوْفُوا بِعَهْدِي أُوفِ بِعَهْدِكُمْ وَإِيَّايَ فَارْهَبُونِ

    О, синови Израилови, сетете се на благодатите Мои кои ви ги подарив, и исполнете го заветот што Ми го дадовте, па и Јас ќе го исполнам заветот што ви го дадов! И плашете се само од Мене!

    2:40
  2. وَآمِنُوا بِمَا أَنْزَلْتُ مُصَدِّقًا لِمَا مَعَكُمْ وَلَا تَكُونُوا أَوَّلَ كَافِرٍ بِهِ ۖ وَلَا تَشْتَرُوا بِآيَاتِي ثَمَنًا قَلِيلًا وَإِيَّايَ فَاتَّقُونِ

    Верувајте во тоа што го објавив потврдувајќи го тоа што вие го имате и не бидете првите кои не веруваат во тоа! Не продавајте ги Моите зборови за ниска цена и плашете се само од Мене!

    2:41

Превод: Група македонски научници