Сура 2 Ел Бекара, ајат 217 – 218
-
يَسْأَلُونَكَ عَنِ الشَّهْرِ الْحَرَامِ قِتَالٍ فِيهِ ۖ قُلْ قِتَالٌ فِيهِ كَبِيرٌ ۖ وَصَدٌّ عَنْ سَبِيلِ اللَّهِ وَكُفْرٌ بِهِ وَالْمَسْجِدِ الْحَرَامِ وَإِخْرَاجُ أَهْلِهِ مِنْهُ أَكْبَرُ عِنْدَ اللَّهِ ۚ وَالْفِتْنَةُ أَكْبَرُ مِنَ الْقَتْلِ ۗ وَلَا يَزَالُونَ يُقَاتِلُونَكُمْ حَتَّىٰ يَرُدُّوكُمْ عَنْ دِينِكُمْ إِنِ اسْتَطَاعُوا ۚ وَمَنْ يَرْتَدِدْ مِنْكُمْ عَنْ دِينِهِ فَيَمُتْ وَهُوَ كَافِرٌ فَأُولَٰئِكَ حَبِطَتْ أَعْمَالُهُمْ فِي الدُّنْيَا وَالْآخِرَةِ ۖ وَأُولَٰئِكَ أَصْحَابُ النَّارِ ۖ هُمْ فِيهَا خَالِدُونَ
Те прашуваат за светиот месец, за војувањето во него. Кажи: „Војувањето во него е голем грев; но неверувањето во Аллах и одвраќањето од Неговиот пат и од Светиот Храм и прогонувањето на неговите жители од него е уште поголем грев кај Аллах.“ А идолопоклонството е поголем грев од убивањето! Тие непрекинато ќе се борат против вас, за да ве одвратат од верата ваша, доколку можат. А тие меѓу вас кои од верата ќе отпаднат и како неверници ќе умрат – нивните дела ќе бидат поништени и на овој и на оној свет. Жители на Огнот ќе бидат и во него вечно ќе останат.
2:217 -
إِنَّ الَّذِينَ آمَنُوا وَالَّذِينَ هَاجَرُوا وَجَاهَدُوا فِي سَبِيلِ اللَّهِ أُولَٰئِكَ يَرْجُونَ رَحْمَتَ اللَّهِ ۚ وَاللَّهُ غَفُورٌ رَحِيمٌ
Тие што веруваат и што ќе се иселат и ќе се борат на Аллаховиот пат, тие се надеваат на Аллаховата милост. А Аллах простува и Милостив е.
2:218
Превод: Група македонски научници