Сура 2 Ел Бекара, ајат 190 – 194
-
وَقَاتِلُوا فِي سَبِيلِ اللَّهِ الَّذِينَ يُقَاتِلُونَكُمْ وَلَا تَعْتَدُوا ۚ إِنَّ اللَّهَ لَا يُحِبُّ الْمُعْتَدِينَ
И борете се на Аллаховиот пат против тие што се борат против вас, но не преминувајте ги границите! Аллах, навистина, не ги сака тие што ги пречекоруваат границите.
2:190 -
وَاقْتُلُوهُمْ حَيْثُ ثَقِفْتُمُوهُمْ وَأَخْرِجُوهُمْ مِنْ حَيْثُ أَخْرَجُوكُمْ ۚ وَالْفِتْنَةُ أَشَدُّ مِنَ الْقَتْلِ ۚ وَلَا تُقَاتِلُوهُمْ عِنْدَ الْمَسْجِدِ الْحَرَامِ حَتَّىٰ يُقَاتِلُوكُمْ فِيهِ ۖ فَإِنْ قَاتَلُوكُمْ فَاقْتُلُوهُمْ ۗ كَذَٰلِكَ جَزَاءُ الْكَافِرِينَ
И убивајте ги каде и да ги сретнете, и прогонете ги од каде што тие вас ве прогонија. А идолопоклонството е полошо од убивањето! И не борете се со нив кај Светиот Храм, додека тие таму не ве нападнат. Ако ве нападнат, тогаш убивајте ги! Таква е казната за неверниците.
2:191 -
فَإِنِ انْتَهَوْا فَإِنَّ اللَّهَ غَفُورٌ رَحِيمٌ
А ако престанат, па Аллах, навистина, простува и Милостив е.
2:192 -
وَقَاتِلُوهُمْ حَتَّىٰ لَا تَكُونَ فِتْنَةٌ وَيَكُونَ الدِّينُ لِلَّهِ ۖ فَإِنِ انْتَهَوْا فَلَا عُدْوَانَ إِلَّا عَلَى الظَّالِمِينَ
И борете се против нив сè додека не исчезне идолопоклонството и додека само на Аллах верата Му се исповедува. Па ако престанат, тогаш непријателството престанува, а единствено против насилниците останува.
2:193 -
الشَّهْرُ الْحَرَامُ بِالشَّهْرِ الْحَرَامِ وَالْحُرُمَاتُ قِصَاصٌ ۚ فَمَنِ اعْتَدَىٰ عَلَيْكُمْ فَاعْتَدُوا عَلَيْهِ بِمِثْلِ مَا اعْتَدَىٰ عَلَيْكُمْ ۚ وَاتَّقُوا اللَّهَ وَاعْلَمُوا أَنَّ اللَّهَ مَعَ الْمُتَّقِينَ
Светиот месец е за свет месец, а и во светите месеци вреди одмаздата: на тие што ќе ве нападнат возвратете им со иста мерка и плашете се од Аллах, и знајте дека Аллах е на страната на богобојазливите.
2:194
Превод: Група македонски научници