Сура 27 Ен Немл, ајат 10 – 12

  1. وَأَلْقِ عَصَاكَ ۚ فَلَمَّا رَآهَا تَهْتَزُّ كَأَنَّهَا جَانٌّ وَلَّىٰ مُدْبِرًا وَلَمْ يُعَقِّبْ ۚ يَا مُوسَىٰ لَا تَخَفْ إِنِّي لَا يَخَافُ لَدَيَّ الْمُرْسَلُونَ

    Фрли го својот стап!“ Па кога го виде дека се движи како да е брза змија, тој се оддалечи и не се врати. „О, Муса, не плаши се! Пратениците кај Мене не треба од ништо да се плашат;

    27:10
  2. إِلَّا مَنْ ظَلَمَ ثُمَّ بَدَّلَ حُسْنًا بَعْدَ سُوءٍ فَإِنِّي غَفُورٌ رَحِيمٌ

    а на тој што грев ќе направи, а потоа злото со добро дело ќе го замени, навистина ќе му простам и милостив ќе бидам!

    27:11
  3. وَأَدْخِلْ يَدَكَ فِي جَيْبِكَ تَخْرُجْ بَيْضَاءَ مِنْ غَيْرِ سُوءٍ ۖ فِي تِسْعِ آيَاتٍ إِلَىٰ فِرْعَوْنَ وَقَوْمِهِ ۚ إِنَّهُمْ كَانُوا قَوْمًا فَاسِقِينَ

    Стави ја раката своја во пазувите свои, ќе се појави бела, но нема да биде болна – ќе биде едно од деветте знаци за фараонот и за народот негов; тие се навистина народ грешен, непослушен.

    27:12

Превод: Група македонски научници