Сура 24 Ен Нур

  1. لَيْسَ عَلَى الْأَعْمَىٰ حَرَجٌ وَلَا عَلَى الْأَعْرَجِ حَرَجٌ وَلَا عَلَى الْمَرِيضِ حَرَجٌ وَلَا عَلَىٰ أَنْفُسِكُمْ أَنْ تَأْكُلُوا مِنْ بُيُوتِكُمْ أَوْ بُيُوتِ آبَائِكُمْ أَوْ بُيُوتِ أُمَّهَاتِكُمْ أَوْ بُيُوتِ إِخْوَانِكُمْ أَوْ بُيُوتِ أَخَوَاتِكُمْ أَوْ بُيُوتِ أَعْمَامِكُمْ أَوْ بُيُوتِ عَمَّاتِكُمْ أَوْ بُيُوتِ أَخْوَالِكُمْ أَوْ بُيُوتِ خَالَاتِكُمْ أَوْ مَا مَلَكْتُمْ مَفَاتِحَهُ أَوْ صَدِيقِكُمْ ۚ لَيْسَ عَلَيْكُمْ جُنَاحٌ أَنْ تَأْكُلُوا جَمِيعًا أَوْ أَشْتَاتًا ۚ فَإِذَا دَخَلْتُمْ بُيُوتًا فَسَلِّمُوا عَلَىٰ أَنْفُسِكُمْ تَحِيَّةً مِنْ عِنْدِ اللَّهِ مُبَارَكَةً طَيِّبَةً ۚ كَذَٰلِكَ يُبَيِّنُ اللَّهُ لَكُمُ الْآيَاتِ لَعَلَّكُمْ تَعْقِلُونَ

    Не прави грев слепецот, ниту сакатиот, ниту прави грев болниот, а ниту вие самите, ако јадете во куќите ваши, или во куќите на татковците ваши, или во куќите на мајките ваши или во куќите на браќата ваши, или во куќите на сестрите ваши, или во куќите на чичковците ваши, или во куќите на тетките ваши по татко, или во куќите на вујковците ваши, или во куќите на тетките ваши по мајка, или кај тие чиишто клучеви се кај вас или кај пријателот ваш; не ви е грев да јадете заедно ниту одделно. А кога ќе влегувате во куќите, вие домашните поздравете ги со поздравот од Аллах пропишаниот, благословениот и убавиот. Така Аллах ви ги објаснува прописите, за да се опаметите!

    24:61
  2. إِنَّمَا الْمُؤْمِنُونَ الَّذِينَ آمَنُوا بِاللَّهِ وَرَسُولِهِ وَإِذَا كَانُوا مَعَهُ عَلَىٰ أَمْرٍ جَامِعٍ لَمْ يَذْهَبُوا حَتَّىٰ يَسْتَأْذِنُوهُ ۚ إِنَّ الَّذِينَ يَسْتَأْذِنُونَكَ أُولَٰئِكَ الَّذِينَ يُؤْمِنُونَ بِاللَّهِ وَرَسُولِهِ ۚ فَإِذَا اسْتَأْذَنُوكَ لِبَعْضِ شَأْنِهِمْ فَأْذَنْ لِمَنْ شِئْتَ مِنْهُمْ وَاسْتَغْفِرْ لَهُمُ اللَّهَ ۚ إِنَّ اللَّهَ غَفُورٌ رَحِيمٌ

    Вистински верници се само тие кои во Аллах и во Неговиот Пратеник веруваат, а кои, кога се со него на некој важен состанок, од него не се оддалечуваат сè додека од него дозвола не добијат. Тие кои од тебе бараат дозвола, во Аллах и во Пратеникот Негов, навистина, веруваат. И кога тие ќе побараат дозвола од тебе поради некаква работа своја, дозволи му на кого сакаш од нив, и замоли Го Аллах да им прости, бидејќи Аллах простува и Милостив е.

    24:62
  3. لَا تَجْعَلُوا دُعَاءَ الرَّسُولِ بَيْنَكُمْ كَدُعَاءِ بَعْضِكُمْ بَعْضًا ۚ قَدْ يَعْلَمُ اللَّهُ الَّذِينَ يَتَسَلَّلُونَ مِنْكُمْ لِوَاذًا ۚ فَلْيَحْذَرِ الَّذِينَ يُخَالِفُونَ عَنْ أَمْرِهِ أَنْ تُصِيبَهُمْ فِتْنَةٌ أَوْ يُصِيبَهُمْ عَذَابٌ أَلِيمٌ

    Не правете го довикувањето на Пратеникот помеѓу вас како довикувањето кое вие едни со други си го упатувате; Аллах сигурно ги знае тие меѓу вас кои се искрадуваат. Нека внимаваат тие што постапуваат спротивно на наредбата Негова, искушение некакво да не ги стигне или страдање болно да не ги снајде.

    24:63
  4. أَلَا إِنَّ لِلَّهِ مَا فِي السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ ۖ قَدْ يَعْلَمُ مَا أَنْتُمْ عَلَيْهِ وَيَوْمَ يُرْجَعُونَ إِلَيْهِ فَيُنَبِّئُهُمْ بِمَا عَمِلُوا ۗ وَاللَّهُ بِكُلِّ شَيْءٍ عَلِيمٌ

    Аллахово е сè што е на небесата и на Земјата, Тој сигурно знае какви сте вие, и Тој ќе ги извести за сè што правеле на Денот кога Нему ќе Му се вратат. А Аллах добро знае сè.

    24:64

Превод: A group of Macedonian scholars