Сура 18 Ел Кехф, ајат 50 – 53

  1. وَإِذْ قُلْنَا لِلْمَلَائِكَةِ اسْجُدُوا لِآدَمَ فَسَجَدُوا إِلَّا إِبْلِيسَ كَانَ مِنَ الْجِنِّ فَفَسَقَ عَنْ أَمْرِ رَبِّهِ ۗ أَفَتَتَّخِذُونَهُ وَذُرِّيَّتَهُ أَوْلِيَاءَ مِنْ دُونِي وَهُمْ لَكُمْ عَدُوٌّ ۚ بِئْسَ لِلظَّالِمِينَ بَدَلًا

    И кога им рековме на мелеците: „Поклонете му се на Адем на сеџда!“ – сите се поклонија освен Иблис, тој беше еден од џините и затоа згреши кон заповедта на Господарот свој. Па зарем него и потомците негови, покрај Мене, како пријатели ќе ги прифатите, кога тие ви се непријатели? Колку е шејтанот лоша замена за насилниците!

    18:50
  2. مَا أَشْهَدْتُهُمْ خَلْقَ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ وَلَا خَلْقَ أَنْفُسِهِمْ وَمَا كُنْتُ مُتَّخِذَ الْمُضِلِّينَ عَضُدًا

    Јас не ги зедов нив за сведоци во текот на создавањето на небесата и на Земјата, ниту во текот на создавањето на нив самите, и за помагачи не ги земав тие кои на погрешниот пат упатуваат.

    18:51
  3. وَيَوْمَ يَقُولُ نَادُوا شُرَكَائِيَ الَّذِينَ زَعَمْتُمْ فَدَعَوْهُمْ فَلَمْ يَسْتَجِيبُوا لَهُمْ وَجَعَلْنَا بَيْنَهُمْ مَوْبِقًا

    И на Денот кога Тој ќе каже: „Повикајте ги тие за кои тврдевте дека се Мои ортаци“, и кога ќе ги повикаат, тие нема да им се одѕвијат и Ние меѓу нив ќе направиме место за пропаста.

    18:52
  4. وَرَأَى الْمُجْرِمُونَ النَّارَ فَظَنُّوا أَنَّهُمْ مُوَاقِعُوهَا وَلَمْ يَجِدُوا عَنْهَا مَصْرِفًا

    И грешниците ќе го здогледаат Огнот, и ќе се уверат дека во него ќе паднат и нема да можат да го избегнат.

    18:53

Превод: Група македонски научници