Сура 18 Ел Кехф, ајат 45 – 49
-
وَاضْرِبْ لَهُمْ مَثَلَ الْحَيَاةِ الدُّنْيَا كَمَاءٍ أَنْزَلْنَاهُ مِنَ السَّمَاءِ فَاخْتَلَطَ بِهِ نَبَاتُ الْأَرْضِ فَأَصْبَحَ هَشِيمًا تَذْرُوهُ الرِّيَاحُ ۗ وَكَانَ اللَّهُ عَلَىٰ كُلِّ شَيْءٍ مُقْتَدِرًا
Наведи им како пример, дека животот на овој свет е како растение, кое и после натопувањето со вода, која Ние од небото ја спуштаме, сепак останува суво и ветровите го разнесуваат. А Аллах може сè.
18:45 -
الْمَالُ وَالْبَنُونَ زِينَةُ الْحَيَاةِ الدُّنْيَا ۖ وَالْبَاقِيَاتُ الصَّالِحَاتُ خَيْرٌ عِنْدَ رَبِّكَ ثَوَابًا وَخَيْرٌ أَمَلًا
Имотот и синовите се украс во животот на Овој свет, а добрите дела кои остануваат, подобри се кај Господарот твој според наградата и подобри според надежта.
18:46 -
وَيَوْمَ نُسَيِّرُ الْجِبَالَ وَتَرَى الْأَرْضَ بَارِزَةً وَحَشَرْنَاهُمْ فَلَمْ نُغَادِرْ مِنْهُمْ أَحَدًا
На денот кога планините ќе ги отстраниме и кога ќе ја видиш Земјата потполно видлива, а нив веќе ги собравме, ниту еден не пропуштивме,
18:47 -
وَعُرِضُوا عَلَىٰ رَبِّكَ صَفًّا لَقَدْ جِئْتُمُونَا كَمَا خَلَقْنَاكُمْ أَوَّلَ مَرَّةٍ ۚ بَلْ زَعَمْتُمْ أَلَّنْ نَجْعَلَ لَكُمْ مَوْعِدًا
тие пред Господарот твој во редови ќе бидат наредени: „Ни дојдовте така како што и првиот пат ве создадовме, а тврдевте дека нема да ви одредиме време за оживување.“
18:48 -
وَوُضِعَ الْكِتَابُ فَتَرَى الْمُجْرِمِينَ مُشْفِقِينَ مِمَّا فِيهِ وَيَقُولُونَ يَا وَيْلَتَنَا مَالِ هَٰذَا الْكِتَابِ لَا يُغَادِرُ صَغِيرَةً وَلَا كَبِيرَةً إِلَّا أَحْصَاهَا ۚ وَوَجَدُوا مَا عَمِلُوا حَاضِرًا ۗ وَلَا يَظْلِمُ رَبُّكَ أَحَدًا
И Книгата ќе биде поставена и ќе ги видите грешниците преплашени поради тоа што е во неа. „Тешко нам!“ – ќе зборуваат – „Каква е оваа книга, ни мал ни голем грев не пропуштила, сè набројала?!“ – И ќе го видат запишано тоа што го правеле. Господарот твој нема никому да му направи неправда.
18:49
Превод: Група македонски научници