Сура 16 Ен Нахл, ајат 66 – 70
-
وَإِنَّ لَكُمْ فِي الْأَنْعَامِ لَعِبْرَةً ۖ نُسْقِيكُمْ مِمَّا فِي بُطُونِهِ مِنْ بَيْنِ فَرْثٍ وَدَمٍ لَبَنًا خَالِصًا سَائِغًا لِلشَّارِبِينَ
Навистина имате поука во вашиот добиток: Ние ви даваме да го пиете чистото млеко кое се наоѓа во внатрешноста на нивните тела, а настанува во внатрешните органи и крвта, вкусно за тие што го пијат.
16:66 -
وَمِنْ ثَمَرَاتِ النَّخِيلِ وَالْأَعْنَابِ تَتَّخِذُونَ مِنْهُ سَكَرًا وَرِزْقًا حَسَنًا ۗ إِنَّ فِي ذَٰلِكَ لَآيَةً لِقَوْمٍ يَعْقِلُونَ
А од плодовите на палмата и лозата подготвувате пијалак и пријатна храна. Тоа е, навистина, доказ за тие што имаат памет.
16:67 -
وَأَوْحَىٰ رَبُّكَ إِلَى النَّحْلِ أَنِ اتَّخِذِي مِنَ الْجِبَالِ بُيُوتًا وَمِنَ الشَّجَرِ وَمِمَّا يَعْرِشُونَ
Господарот твој ја вдахна пчелата: „Прави за себе домови по планините, по дрвјата и по тоа што го креваат луѓето,
16:68 -
ثُمَّ كُلِي مِنْ كُلِّ الثَّمَرَاتِ فَاسْلُكِي سُبُلَ رَبِّكِ ذُلُلًا ۚ يَخْرُجُ مِنْ بُطُونِهَا شَرَابٌ مُخْتَلِفٌ أَلْوَانُهُ فِيهِ شِفَاءٌ لِلنَّاسِ ۗ إِنَّ فِي ذَٰلِكَ لَآيَةً لِقَوْمٍ يَتَفَكَّرُونَ
потоа, храни се со разновидни плодови, па тогаш оди послушно по патеките на Господарот свој!“ Од утробите нивни излегува пијалак со различни бои, кој им е лек на луѓето. Тоа е доказ за луѓето што размислуваат.
16:69 -
وَاللَّهُ خَلَقَكُمْ ثُمَّ يَتَوَفَّاكُمْ ۚ وَمِنْكُمْ مَنْ يُرَدُّ إِلَىٰ أَرْذَلِ الْعُمُرِ لِكَيْ لَا يَعْلَمَ بَعْدَ عِلْمٍ شَيْئًا ۚ إِنَّ اللَّهَ عَلِيمٌ قَدِيرٌ
Аллах ве создава и потоа душите ви ги зема; има од вас кои длабока старост доживуваат, па потоа го забораваат тоа што претходно го знаеле. Аллах е, навистина, Сезнаен и Семоќен.
16:70
Превод: Група македонски научници