Сура 12 Јусуф, ајат 63 – 66
-
فَلَمَّا رَجَعُوا إِلَىٰ أَبِيهِمْ قَالُوا يَا أَبَانَا مُنِعَ مِنَّا الْكَيْلُ فَأَرْسِلْ مَعَنَا أَخَانَا نَكْتَلْ وَإِنَّا لَهُ لَحَافِظُونَ
И откако му се вратија на својот татко, рекоа: „О, татко наш, повеќе храна нема да ни даваат. Затоа испрати го со нас братот наш за да добиеме храна, а ние навистина ќе го чуваме.“
12:63 -
قَالَ هَلْ آمَنُكُمْ عَلَيْهِ إِلَّا كَمَا أَمِنْتُكُمْ عَلَىٰ أَخِيهِ مِنْ قَبْلُ ۖ فَاللَّهُ خَيْرٌ حَافِظًا ۖ وَهُوَ أَرْحَمُ الرَّاحِمِينَ
„Зарем да ви го доверам како што претходно ви го доверив братот негов?“ – рече тој. „Но Аллах е Најдобриот чувар и Тој е Најмилостивиот од милостивите!“
12:64 -
وَلَمَّا فَتَحُوا مَتَاعَهُمْ وَجَدُوا بِضَاعَتَهُمْ رُدَّتْ إِلَيْهِمْ ۖ قَالُوا يَا أَبَانَا مَا نَبْغِي ۖ هَٰذِهِ بِضَاعَتُنَا رُدَّتْ إِلَيْنَا ۖ وَنَمِيرُ أَهْلَنَا وَنَحْفَظُ أَخَانَا وَنَزْدَادُ كَيْلَ بَعِيرٍ ۖ ذَٰلِكَ كَيْلٌ يَسِيرٌ
А кога ги отворија товарите свои и видоа дека им се вратени работите нивни, рекоа: „О, татко наш, што можеме повеќе да посакаме? Еве, вратени ни се работите наши, и со храна семејството наше ќе го снабдиме, и братот наш ќе го чуваме, а и еден камилин товар храна повеќе ќе добиеме; тоа е незначаен товар.“
12:65 -
قَالَ لَنْ أُرْسِلَهُ مَعَكُمْ حَتَّىٰ تُؤْتُونِ مَوْثِقًا مِنَ اللَّهِ لَتَأْتُنَّنِي بِهِ إِلَّا أَنْ يُحَاطَ بِكُمْ ۖ فَلَمَّا آتَوْهُ مَوْثِقَهُمْ قَالَ اللَّهُ عَلَىٰ مَا نَقُولُ وَكِيلٌ
„Јас нема да го испратам со вас,“ – рече – „додека цврсто не ми се заколнете во Аллах дека навистина ќе ми го вратите, освен ако не настрадате.“ И откако тие му се заколнаа, тој рече: „Аллах е сведок за тоа што се договоривме!“
12:66
Превод: Група македонски научници