Сура 12 Јусуф, ајат 4 – 6

  1. إِذْ قَالَ يُوسُفُ لِأَبِيهِ يَا أَبَتِ إِنِّي رَأَيْتُ أَحَدَ عَشَرَ كَوْكَبًا وَالشَّمْسَ وَالْقَمَرَ رَأَيْتُهُمْ لِي سَاجِدِينَ

    Кога Јусуф му рече на својот татко: „О, татко мој, сонував единаесет ѕвезди, и Сонцето и Месечината, и во сонот ги видов како ми се поклонија.“

    12:4
  2. قَالَ يَا بُنَيَّ لَا تَقْصُصْ رُؤْيَاكَ عَلَىٰ إِخْوَتِكَ فَيَكِيدُوا لَكَ كَيْدًا ۖ إِنَّ الشَّيْطَانَ لِلْإِنْسَانِ عَدُوٌّ مُبِينٌ

    Тој рече: „О, синко мој, не им го кажувај својот сон на браќата, за да не ти напакостат, шејтанот му е навистина отворен непријател на човекот.“

    12:5
  3. وَكَذَٰلِكَ يَجْتَبِيكَ رَبُّكَ وَيُعَلِّمُكَ مِنْ تَأْوِيلِ الْأَحَادِيثِ وَيُتِمُّ نِعْمَتَهُ عَلَيْكَ وَعَلَىٰ آلِ يَعْقُوبَ كَمَا أَتَمَّهَا عَلَىٰ أَبَوَيْكَ مِنْ قَبْلُ إِبْرَاهِيمَ وَإِسْحَاقَ ۚ إِنَّ رَبَّكَ عَلِيمٌ حَكِيمٌ

    И, ете така, Господарот твој тебе ќе те одбере, и за толкување на соништата ќе те научи, и благодатта Своја кон тебе и Јакубовото семејство ќе ја надополни, како што претходно ја надополни на предците твои, на Ибрахим и на Исхак. Господарот твој, навистина, е Мудар.

    12:6

Превод: Група македонски научници